fbpx

Балконот од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е пуштен во употреба без дозвола

-

Дел од објектот на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е пуштен во употреба без употребна дозвола, изјави Кочо Стојчески, раководителот на секторот за инспекциски работи во Општина Центар, по направениот увид во објектот.

– Дел од објектот е пуштен во употреба, што се констатираше со увид на местото, без употребна дозвола. Надворешниот дел не е настрешница, како што тврдат, туку балкон, а за тоа нема одобрение. Градоначалникот на Скопје, шпанските скали ги стави во урбана опрема, но го заборави балконот на сопствената партија. Поради специфичноста на објектот, ќе се обратиме до Град Скопје за да се провери дали има таква одлука на Советот. Според наши сознанија, таква одлука нема – рече Стојчески.

Како што пишува во соопштението на Општина Центар, секторот за инспекциски работи ја разгледува можноста за давање предлог за одземање на лиценцата за градење на ГП „Бетон“ .

„Според наодите, веќе е извесно дека инспекција на Општина Центар ќе донесе управен акт за отстранување на дел од градбата за која е констатирано дека е дивограба“, пишува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...