Ана Павловска Данева ја повлече кандидатурата, не помина ниту Осман Кадриу за претседател на Уставен

Голготата за избор на претседател на Уставниот суд продолжува - пропадна седмиот, па и осмиот обид денеска да се избере кој ќе седне на челното место во институцијата

-

Пропадна и седмиот обид, па и осмиот обид да се избере претседател на Уставниот суд. Уставната судијка Ана Павловска Данева се повлече од трката за челното место на Уставниот суд, со цел да не предизвика уставна криза. Со нејзиното повлекување, таа остави простор да се избере Татјана Васиќ Бозаџиева, но таа, и на седмото гласање, повторно доби 5 гласови, што е за еден глас помалку од потребното двотретинско мнозинство од деветмината уставни судии.

Претходно, ниту Васиќ Бозаџиева ниту Ана Павловска Данева, не го добија потребното двотретинско мнозинство.

Со ова, стана очигледно дека ќе мора да се бира нов, трет уставен судија кој би раководел со Уставниот суд, откако пропаднаа сите претходни седум обиди. Предложен беше уставниот судија Осман Кадриу, но и тој обид, осми обид пропадна, односно не ги доби потребните 6 гласови за да стане нов претседател на Уставниот суд.

Тригодишниот мандат на досегашната претседателка Добрила Кацарска ѝ истече вчера. Покрај неа, активни уставни судии се Татјана Васиќ Бозаџиева, Ана Павловска Данева, Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Елизабета Дуковска и Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Новинската агенција АФП била мета на хакерски напад

Информативниот систем на француската новинска агенција Франс прес (АФП) бил цел на напад кој зафатил дел од системот за дистрибуција на вести до клиентите, соопштија светските медиуми. „Мобилизирани се технички...