Александар Сотировски на стрип фестивалот „Гран фест“ во Приштина

ГРАН ФЕСТ се организира под идеја и реализација на Гани Јакупи, стрип автор којшто живее на релација Косово-Шпанија. Истиот оваа година се организира по четврти пат и во Косово

Илустрација: ГРАН ФЕСТ Приштина

Македонскиот стрип мајстор Александар Сотировски од 17 до 19 мај учествуваше на традиционалниот Стрип фестивал „ГРАН ФЕСТ’ кој се организираше во Приштина , во Националната библиотека на Косово.

Сотировски, на почетокот на својата кариера паралелно работел како илустратор и дизајнер во многу рекламни агенции на Балканот, сè до 2004 година, кога одлучил да се фокусира само на цртање. Во својата 35 годишна кариера илустрирал стотици книги и графички романи. Моментално живее во Скопје.

Илустрација: ГРАН ФЕСТ Приштина

Инаку ГРАН ФЕСТ се организира под идеја и реализација на Гани Јакупи, стрип автор којшто живее на релација Косово-Шпанија. Истиот оваа година се организира по четврти пат и во Косово е единствен специјализиран стрип фестивал.

Соработката на Гани Јакупи со македонската стрип сцена е започната преку дејноста на Стрип центарот од Велес. Tој учествува со свое стрип дело во проектот „Проект „НОВИ БАЛКАНСКИ ПРИЈАТЕЛСТВА“ 2014 година финансиран од страна на Фондацијата „ПРИНЦ КЛАУС“ од Холандија, во 2019 е објавен превод на неговата стрип книга „ХАВАНА САД“ а во 2021 година е учесник во тродневниот настан во Велес, како дел од тригодишниот проект „CAN FOR BALKANS” финансиран од програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА.