fbpx

Адмиралот Бауер од денеска во посета на Северна Македонија

Aдмиралот Бауер ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска

-

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер од денеска е во официјална посета на Северна Македонија и на Армијата на Северна Македонија. Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне утре во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Северна Македонија, процесот на трансформација и опремување, како и со учеството на Армијата во операциите и вежбовните активности.

Во текот на денот, адмирал Бауер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Бауер ќе ја посети и касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на дел од предвидените активности на баталјонот на специјални сили, а следниот ден ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде ќе одржи предавање пред припадниците на Генералштабот и Воената академија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...