Поевтинуваат безините и дизел горивото

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 за литар и новата цена ќе изнесува 71 денар, соопшти РКЕ

-

Од вечерва после полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,5 за литар, а малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

„Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,688 ден/кг и сега ќе изнесува 44,748 ден/кг“, соопшти РКЕ.

Со новите измени, литар 95-ка ќечини 79,5 денари за литар, а 98 ќе чини 81,5 денари за литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...