Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

„Домаќинство за почетници“ може да се погледне на 19ти и 20ти јули во Кинотеката на РСМ од 20:30 часот

-

„Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, освои две златни арени на филмскиот фестивал во Пула, кој започна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови.

„Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои златната арена за најдобра хрватска малцинска ко-продукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби златна арена за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.

Златните арени се деветта и десетта награда за награда за Домаќинство, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија.

Светската премиера на „Домаќинство за почетници” се одржа во 2023 на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација.

Дистрибутер на филмот на територија на САД е Focus Features, Universal Pictures е интернационален дистрибутер за останатите територии, а продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

„Домаќинство за почетници“ може да се погледне на 19ти и 20ти јули во Кинотеката на РСМ од 20:30 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...