Во Охрид претепан мотоциклист, потоа тој нападнал сограѓанин

Веднаш по сообраќајната несреќа, Д.М. заедно со уште две лица од селата Косел и Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид

-

Вчера во охридската полиција било пријавено дека Д.М. од селото Лешани, Општина Дебрца, додека возел автомобил по булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, удрил во мотоцикл што го управувал 47-годишниот Љ.Ѓ. од Охрид, соопштија од СВР Охрид.

Веднаш по сообраќајната несреќа, Д.М. заедно со уште две лица од селата Косел и Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.

Истиот ден, само дваесет минути подоцна, на кејот „Македонија“ во Охрид, 47-годишниот претепан мотоциклист физички го нападнал својот сограѓанин К.Б. (35).

СВР Охрид најави соодветни пријави за двата поврзани случаја.

Над 1000 деца од Тетово уживаа во изведба на бајката „Петар и волкот“ на два јазика

Над 1000 деца од Тетово уживаа во двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик. Националната установа „Музички Ансамбл” Тетово го реализираше вториот проект...