fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заради гола борба за власт, испорача услуга на странски центри

-

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека СДСМ поднесува неосновани пријави. „СДСМ треба да знае дека со правдата и со вистината нема пазарење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа реакција пристигна откако заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, поднесе 21 кривична пријава за криминал при избори.

„Денешната изјава на Радмила Шекеринска и кривичните пријави се проѕирен обид за пазарење и за дефокусирање на јавноста од суштинските прашања, а тоа е обидот на СДСМ, заради гола борба за власт, да испорача услуга на странски центри кои не ѝ мислат добро на Македонија. Повторуваме, пазарење со правдата и со вистината нема и не може да има“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...