Анкета на ТАКСО и ЕУ за граѓанското општество на Западен Балкан и Турција

Во име на Европската комисија, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување преку проектот на ЕУ за Техничка поддршка за граѓанските организации (TACSO 3) го објави линкот до годишната анкета за граѓанското општество за Западен Балкан и Турција. Истражувањето е дел од оценката во однос на ревидираните насоки на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување за поддршка на ЕУ за граѓанското општество за периодот 2021-2027 година.

Анкетата е наменета за сите граѓански организации, и формални и неформални. Станува најголемата анкета од ваков вид, која што ќе обезбеди сеопфатни податоци за оценување на состојбата за овозможување на соодветна средина за граѓанското општество, за разбирање на степенот на соработка меѓу владите и граѓанското општество, за разбирање на ситуацијата со која се соочуваат граѓанските организации
и за планирање поддршка за граѓанското општество во регионот.

„Од витално значење е што е можно повеќе граѓански организации да ја завршат анкетата. Доколку работите за граѓанска организација, ве молиме одвојте време да ја пополните анкетата“, се наведува во повикот до граѓанските организации.

Сите одговори на анкетата ќе бидат анонимни и ќе се чуваат безбедно и нема да се  споделуваат податоци за индивидуална идентификација со никого.

Анкетата ќе заврши на 11 октомври. Анкетата е на сите јазици во регионот како и на англиски. Кога одите на анкетата, јазикот може да се избере во горниот десен агол на екранот. За прашања и техничка помош при анкетата, ве молиме контактирајте со [email protected].