Компаниите бараат за даночните измени да знаат до 30 јуни тековната година

-

Компаниите при Стопанската комора на Македонија бараат да се воведе даночен календар, односно временска рамка која ќе одреди кога и на кој начин би се правеле даночните измени, за да се создаде предвидливост и стабилност во економскиот амбиент, рече главниот советник на УП на Стопанската комора, Зоран Јовановски.

„Какви било даночни измени би се искомуницирале со јавноста најдоцна до 30 јуни во тековната година. За да може, компаниите во втората половина од годината да се подготват, за измените да стартуваат со почетокот на следната година и потоа тие даноци не би се менувале. Овој даночен календар би бил поволен за бизнис-секторот и за државата. Бизнис-секторот однапред би ги знаел промените во даночната сфера и навреме ќе се подготви, ќе ги вгради во бизнис-планот за следната година“, рече Јовановски.

Според него на овој начин ќе се создаде системско решение, долгорочно дефиниран процес на воведување на даночни измени, а ќе има предвидлив и стабилен еконосмки амбиент.

На овој начин, макроекономските проекции би биле со висок степен на реалност, бидејќи даноците не би можеле да се менуваат ад-хок.

Инаку, речиси сите компании во државата, бараат економски предвидлив амбиент и порано да ги знаат промените во даночната сфера.

Бизнисот кон крајот на 2018 година и почетокот на 2019 година имаше проблеми со воведувањето на прогресивниот данок и зголемување на стапката на придонеси, бидејќи измените беа направени во краток временски период. Тогаш компаниите веќе ги имаа направено финансиските планови за следната година, во кои не беа предвидени овие давачки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...