Рама: Не го сакаме крајот на Македонија, туку нејзина демократизација

„Ескалацијата на насилството е бесмислена блокада на парламентот во Македонија. Она што можам да го кажам е дека Албанците во Македонија треба да останат присебни и да не потпаѓаат на провокации. Ние не го сакаме крајот на Македонија, туку нејзина демократизација, консолидација и интеграција на евроатлантската патека“, порача албанскиот премиер Еди Рама, гостувајќи во политичка емисија на албанската телевизија „Топ ченел“ вечерва.

Рама порача дека Албанците треба да се борат за своите права без потпаѓање на провокациите. Тој го повика македонскиот министер за внатрешни работи Агим Нухиу да не дозволи насилството да се сфати како оправдана мерка.