fbpx

Температура под нулата во цела Македонија, најстудено во Берово со минус 28 степени

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено, со сончеви периоди и со услови за провејување слаб снег. Во текот на денот ќе дува умерен северен ветер.

Минималната утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот минус 25 до минус 15 Целзиусови степени, а максималната дневна од минус 13 до минус 7 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура од минус 19 до минус 8 Целзиусови степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека утринава најстудено е во Берово, каде се измерени минус 28 Целзиусови степени. Веднаш зад Берово, според измерената температура е Битола, каде се забележани минус 25 Целзиусови степени, Маврово минус 24, Лазарополе и Крива Паланка минус 23, Тетово и Крушево минус 22, Скопје Петровец, Штип и Прилеп минус 21, Виница минус 20, Куманово, Ѓуриште и Тополчани минус 19, Струмица минус 18, Демир Капија минус 17, Охрид и Претор минус 16, Дебар минус 15, Дојран минус 12, Гевгелија минус 10 и во Скопје минус 17 степени.

Во текот на ноќта не се забележани нови врнежи, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и во Демир Капија, 9 во Струмица и во Скопје, 10 во скопски Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово и Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 сантиметри во Маврово.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење, кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Попладнево и утре се очекува пороен дожд и грмежи

Денес попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд,...