Паричката во бадниковото лепче годинава во семејството Иванови се паднала кај Маја Иванова, сопруга на претседателот Ѓорге Иванов. Кај премиерот Никола Груевски, пак, паричката паднала кај Господ, а кај претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кај синот Филип.
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, денеска по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, се одржа Архиерејска златоустова литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.
На литургијата присуствуваа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со сопругата, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со сопругата и премиерот Никола Груевски, како и многу верници.