fbpx

Поднесено обвинение против дадилката што малтретираше дете

-

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинение против дадилката што малтретираше деветмесечно бебе, а Основен суд 1 доставил предлог за продолжување на притвор.

Кривична пријава била поднесена од Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството повело постапка против дадилката, а надлежниот обвинител ги презеде сите потребни дејства за да ја утврди фактичката состојба.

„Донесеното обвинение се заснова на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за осомничената“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...