fbpx

Москва: Не развивајте теории на заговор

-

Рускиот борбен авион „су-30“ пред на кратко влезе во воздушниот простор на Турција поради лошите временски услови, соопшти руското министерство за одбрана.

Во соопштението на министерството се наведува дека авионот само неколку секудни се задржало во турскиот воздушен простор.

„Тој инцидент се случи поради неповолните временски услови. Нема потреба за развивање теории на заговор“, се наведува во соопштението.

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, изјави дека Москва овој инцидент го нарекла грешка и дека мешањето на Русија во конфликтот во Сирија довело до ескалација на кризата.

Во интервју за каналот „Хабер Турк“, Давутоглу рекол дека Турција има јасни правила кога е во прашање повреда на нејзиниот воздушен простор.

– Турските вооружени сили имаат јасни инструкции. Дури и да станува збор за птица, ќе биде пресретната – истакнал Давутоглу.

Турското министерство за надоврешни работи денеска соопшти дека пред два дена во близина на сириската граница, руски воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција, заради што турското воздухопловство испратило два авиона „ф-16“ да го пресретнат.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека САД се многу загрижени поради овој инцидент затоа што можел да резултира со соборување на рускиот авион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...