fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека постои спрега меѓу СДСМ и Јавното обвинителство

-

Со изјавата дека обвинителството наводно водело истрага за криминал на двајца членови од владата, Зоран Заев потврди дека постои директна спрега помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство, кое се користи како механизам за дисциплинирање, закана и за уцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало, ниту би можел да знае што работат обвинителите, кои се посебен државен орган.

„Со оваа изјава на премиерот се потврдува дека Заев, во суштина, е нарачател на работата на обвинителите, факт кој е скандалозен и целосно незаконски. Сега е јасно дека Заев, освен што е инсталиран премиер, е и шеф и на државното и на специјалното обвинителство, со што се врши директно загрозување на функционирањето на правниот систем и оттука не е воопшто чудно што на срамен начин се организираа, легитимираа и се легализираа најкриминалните избори што се случија во изминатиот месец“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...