fbpx
Таг: злоупотреба на положбата

таг: злоупотреба на положбата

ДКСК со корупциска афера на крајот на годината – злоупотреби со набавката на мазут за пораст на цената на струјата

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе иницијатива до Обвинителството, Владата, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторната комисија за енергетика, финансиската полиција и до УЈП поради сериозни сомнежи за монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во земјава, со цел предизвикување пораст на неговата цена и пораст на цената на електричната енергија на штета на домашното стопанство, граѓаните и...

Кривична пријава за полициски инспектор поради злоупотреба на службената положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски инспектор од надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Како што соопшти МВР, инспекторот со иницијали З.С. е осомничен дека „со непреземање на службени дејствија дозволил да застарат кривични пријави со што предизвикал штета на засегнати граѓани...

Министерката Ременски поднесе кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ремески, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер Диме Спасов и службеничка вработена на пробна работа во министерството. Кривичната пријава што ја поднела Ременски ги товари Спасов и службеничката за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата. Како што објаснуваат од Министерството за труд...

Директорот на ЈП „Октиси“ осомничен поради загадување на водата за пиење

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против Ф.Ш. (33), директор на Јавното претпријатие „Октиси“, кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полициските информации, осомничениот директор, во периодот од јуни до септември оваа година, со неизвршување на својата службена должност, не обезбедил нормално функционирање на техничката апаратура на резервоарот за вода за пиење и хлорирање...

Бизнисмени, адвокати и судија осомничени за организиран криминал

Одделот за организиран и за сериозен криминал на МВР, во вторникот минатата недела до надлежното јавно обвинителство поднел кривична пријава против осум лица, македонски и странски државјани, осомничени како членови на организирана криминална група, а се товарат за повеќекратна злоупотреба на службена положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и за помагање, соопшти МВР. Како што...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...