fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Петерле: На патот во ЕУ црни точки ви се судството, медиумските слободи и корупцијата

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“ ја фали храброста на владата да го надмине и деценискиот спор со Грција за името, но потсетува дека патот до ЕУ за Северна Македонија подразбира многу реформи. Како црни точки тој ги означува бавните реформи на правосудството, како и состојбата со медиумските слободи и бробата против корупцијата. Прашан дали...

Директорите на Бордот на ЕБОР во посета на Македонија од 5 до 8 февруари

Делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе пристигне во Скопје во четиридневна посета на Македонија, при што ќе оствари средби со претставници од Владата на државно ниво. Директорите ќе се сретнат и со претставници од меѓународните институции, граѓанското општество, инвеститори и претприемачи. „Посетата се остварува како подготовителна активност за новата стратегијата на ЕБОР за...

Мајлинда Брегу e новата генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка

Мајлинда Брегу од денеска е на функцијата генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), на местото на досегашниот секретар Горан Свилановиќ, официјално е соопштено во Сараево. РСС е извршно тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија. Во својата писмена изјава Брегу ја подвлече мислата на Жан Моне за обединување на...

Договорот од Преспа – настан на годината во Западен Балкан

Преспанскиот договор помеѓу Македонија Грција е еден од настаните кои ја обележаа 2018 година, се вели во анализата на Европскиот Западен Балкан - веб порталот на тинк-тенкот Центар за современа политика од Белград. „Договорот потпишан од министрите за надворешна политика на Мкедонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на 17 јуни се смета дека е најважниот настан на годината....

Заев за прогласувањето Војска на Косово: Не се потребни нови тензии

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска, по изгласувањето на трите закони во парламентот на Косово со кој се прави трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, порача дека во овој момент на регионот не му се потребни нови тензии. -Јас знам дека и ставот на НАТО е тој: Не е време! Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да...

Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Балканот се зависни процеси

Мајлинда Брегу, новата генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), која стапува на должност од идната година, укажа денеска на неопходноста од синхронизација на проширувањето на ЕУ со поврзувањето на Западен Балкан. - Трансформацијата на Западен Балкан значи поврзување, односно интеграција на нашите економии во единствен пазар, поврзување на луѓето и заедничките вредности, поврзување на нашите заеднички политички, безбедносни...

Можна средба на Могерини со премиерите од Западен Балкан во декември

Во Европската Комисија се разгледува можноста високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини во втората половина на декември да се сретне со премиерите од Западен Балкан. Како што пренесуваат медиумите во Србија повикувајќи се на извори во Брисел, би станувало збор за Западнобалканската шестка - Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија - а засега нема најава за нова...

Анѓушев место Заев на работниот појадок кај Курц со премиерите од Западен Балкан

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска присуствуваше на работниот појадок кој го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за премиерите од Западен Балкан. Анѓушев присуствуваше на појадокот наместо премиерот Зоран Заев откако тој го откажа неговото учество поради внатрешните политички случувања во земјата. Од Владата информираат дека главна тема била регионалната соработка која има важна улога во процесот на...

Премиерите на Западен Балкан на појадок кај Курц, Заев го откажа учеството

Премиерите на Западен Балкан денеска во Виена ќе имаат работен појадок со австрискиот канцелар Себастијан Курц, на кој ќе присуствуваат и европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан и за дигитална економија и дигитално општество, Марија Габриел. Македонскиот премиер Зоран Заев, го откажа учеството поради внатрешно политички случувања во земјата. Според информациите од кабинетот на Курц, на појадокот ќе...

Хан: Сите членки на ЕУ да го почитуваат владеењето на правото во Македонија

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, на својот „Твитер“ профил индиректно го искоментира бегството на осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, велејќи дека станува збор „за кредибилитетот на Европа“. „Силно владеење на правото е еден од фундаменталните критериуми за членство во Европската Унија. После години назадување, Македонија има добар напредок во оваа област, вклучувајќи го и кривичното право. Сите...

Дигитализацијата една од темите на „Старт-ап самит 2018“ во Софија

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на фондот за иновации, Јован Деспотовски, денеска оствариле работна средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел во рамки на „Старт-ап самит 2018“ (Startup Summit 2018), што денеска се одржува во Софија. На средбата разговарале за повеќе теми од областа на дигитализацијата на Македонија и за соработката помеѓу...

Заев на средба со делегација од Светска банка: Поддршка за стабилната буџетска политика

Премиерот Зоран Заев се сретна со високите претставници од Светска банка, потпретседателот за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија. На средбата разговарале за долгорочната системска и аналитичка поддршка на Светска банка во досегашната и идната соработката со Македонија. „Одржливоста на нашите капацитети е нешто...

Вучиќ: Потребно е засилено присуство на ЕУ за да го зачуваме мирот на Западен Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека после неуспешниот референдум во Македонија и изборите во БиХ неопходно е посилно присуство на Европската Унија, за да се зачува мирот и стабилноста на Западен Балкан. На панелот Белградски безбедносен форум на кој учествува заедно со претседателот на Австрија, Александар ван дел Белен, Вучиќ рече дека засилено присуство на ЕУ е неопходно...

Започнаа преговорите за заемно признавање на дипломите на Балканот

Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, започнале преговори за заемно признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматологија, архитектура и на градежните инженери. Состанокот се одржал во Брисел по покана од Регионалниот совет за соработка (РСС), оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и е дел од повеќегодишниот план за економска...

Јункер: ЕУ да се обедини во поглед на Западен Балкан

Мора да постигнеме единство кога станува збор за Западен Балкан - еднаш засекогаш. Ако не го сториме тоа, нашето непосредно соседство ќе биде обликувано од други, порача претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, во своето последно годишно обраќање во мандатот, „Состојбата на Унијата 2018“, со поднаслов „Мигот на европскиот суверенитет“. Обраќајќи се во Стразбур пред пратениците во Европскиот парламент,...

Заев во Драч на неформален состанок на премиерите од Западен Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама во Драч ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од земјите на Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. На состанокот ќе присуствуваат македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер...

„ЦРТА“: На Балканот, медиумите во Македонија најмногу цитираат „неименувани извори“

Најголем број медиумски објави без цитирање извор имало во Србија, а најголем број на објави со цитирани „неименувани извори“ имало во Македонија, односно, такви биле дури 43 отсто од објавите, покажува истражувањето на српската невладина организација „ЦРТА“ спроведено од 14 мај до 10 јуни оваа година. Интересно е дека, според истражувањето, присутноста на Русија во медиумите е најмало во Македонија...

Хан: Уверен сум дека преговорите со ЕУ ќе почнат следната година

Во разговор за европскиот весник „Политико Европа“, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека е „уверен“ дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат следната година. Во интервјуто Хан објаснува и дека со двете земји е почната подготвителната работа, што претходи на отворањето на преговорите со ЕУ. – Ова е многу комплетна работа и се надевам дека ќе можеме да ја...

Курц: Балканот ни е приоритет, ЕУ да ги прекине преговорите со Турција

Договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат, вели канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ и ја потенцира австриската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. - Топло го поздравуваме договорот меѓу двете страни. Тој покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат. За Австрија, регионот на Западен...

Заев за Лондонскиот самит: Македонија имаше специјално место

Премиерот Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон вели дека Република Македонија имала специјално место на овој собир посветен на Регионалната економската соработка, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите. - Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...