fbpx
Таг: терористи

таг: терористи

Хамас не е создаден ниту од ЦИА, ниту од Мосад

Мосад не ја креираа Хамас, со оглед на тоа што во манифестот на Хамас, стои дека нивната крајна цел е да го уништат Израел како држава. Во самиот манифест пишува дека се работи за палестинско движење, исламско, кое се стреми „да го дигне знамето на Алах врз секој инч од Палестина“ (член 6), пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Русија стави блиски соработници на Навални на листата на „терористи и екстремисти“

Руските власти ги ставија двајцата најблиски соработници на затворениот опозиционер Алексеј Навални на листата на „терористи и екстремисти“, како најнов чекор на дејствување против критичарите на Путин и на неговите соработници, јави „Moscow Times". Долгогодишните соработници на затворениот Навални, Леонид Волков и Иван Жданов се додадени на листата на Федералната служба за финансиско следење, што значи дека ќе им бидат...

Уапсени тројца домашни ИСИС-овци, запленето оружје, муниција и „појаси за самоубијци“ (галерија+видео)

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), вчера се уапсени тројца терористи кои се организирале по урнекот на ИСИС и сакале да извршат терористички дела. При претресите биле пронајдени и „појаси за самоубијци“. Уапсените претходно...

Регионот против дезинформациите: Мигрантите злоупотребени во лажни вести

Мигрантите во балканската медиумска сфера и понатаму се тема која се користи во создавање лажни вести во медиумите. „Фактограф“, хрватскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформирањето преку медиумите ги проверил пишувањата на неколку медиуми во земјата и лажната вест содржана во нив, дека мигрантите на островот Самос во средината на октомври направиле хаос. Хрватските медиуми тврделе дека мигранти...

Пентагон: „Исламска држава“ повторно се враќа во Сирија

Според еден интерен извештај на Министерство за одбрана на САД, терористичката организација „Исламска држава“ (ИД) работи на тоа да поврати територии и влијание во Сирија, пишува францускиот весник „Ле Монд“, кој го видел извештајот. Генералниот инспектор на Пентагон во извештајот вчера предупредил дека „иако ,Калифатот' ја изгубил својата територија, има капацитети за бунт во Ирак и ги обновил своите активности...

ВМРО-ДПМНЕ: МВР лажеше дека апсело терористи за да ги покрие скандалите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ се срам за Македонија и го нарушуваат нејзиниот углед со лаги и манипулации, бидејќи вчера излажале дека МВР уапсила седуммина македонски државјани што се бореле со терористите во Сирија, а всушност станувало збор само за преземање на уапсените. „За да ги покрие скандалите, злоупотребите и криминалите во кои...

МВР уапсило седдумина што се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, биле уапсени седуммина македонски државјани за кои постои основан сомнеж дека како терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Се работи за С.Р. (1990), Џ.А. (1993), Б.Ф. (1994), О.Ж. (1987), Е.О (1994), И.Ш. (1977) и...

МНР изрази незадоволство од „неодмерената изјава“ на турската амбасадорка за „Јахја Кемал“

Министерството за надворешни работи (МНР), вчера одржало средба со претставници на Амбасадата на Турција, предводени од заменик шефот на мисијата, Мурат Сумер, на која е изразено незадоволството неодамнешната неодмерена изјава на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, кога ги оквалификува учениците во училиштата на „Јахја Кемал“ како потенцијални терористи. „Од страна на претставниците на Амбасадата на Турција беше изразено жалење што...

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...

Справувањето со повратниците од странските боишта ќе се дефинира на балканска конференција

Заканата од повратниците од странските боишта во земјите од Западен Балкан ќе биде една од темите на денешната Втора меѓународна конференција за борба против тероризмот и насилниот екстремизам во Југоисточна Европа, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија. Претставници на влади, како и на меѓународни и регионални организации што се занимаваат со оваа тема, ќе разговараат за зајакнување на соработката...

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што соопшти утрово Министерството за надворешни работи, македонскиот државјанин се наоѓа во болница во Барселона и е надвор од животна опасност. „Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во...

Ердоган: Германија им помага на терористите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини Германија за помагање на терористите, затоа што, како што рече, Берлин не дава одговор на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти. Неговите зборови веројатно ќе доведат до нова ескалација на тензиите меѓу двете земји, посочуваат светските медиуми. - Ние ѝ дадовме на германската канцеларка Ангела Меркел 4.500 досиеја, но...

Во Сиднеј уапсени четири лица кои подготвувале терористички напад на авион

Четири лица се уапсени во масовната антитерористичката акција во неколку предградија на Сиднеј, спроведена по добиени сознанија за подготовка на терористички напад во авион, јавуваат светските новински агенции. „Претресите и истрагата продолжуваат. Други информации ќе бидат соопштени дополнително во соодветно време“, соопшти полицијата. Австралискиот весник „Сидни морниг хералд“, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека операцијата во сиднејските предградија Лакемба, Сари...

ВМРО-ДПМНЕ: Се поклонуваме пред хероите што загинаа во Куманово бранејќи ја државата

Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои, велат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение на партијата, а по повод двегодишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, каде во борбите со вооружена терористичка група загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. „ВМРО-ДПМНЕ длабоко се поклонува пред ликот и делото на осумте херои, припадници на безбедносните структури на Република Македонија, кои...

Во Шпанија уапсени осум лица поврзани со нападот во Брисел

Шпанската полиција уапсила осум лица осомничени за поврзаност со минатогодишниот терористичкиот напад во Брисел, во кој загинаа 35 лица. Во полициското соопштение се наведува дека операцијата е извршена во повеќе градови во провинцијата Каталонија и дека апсењето следело по осуммесечна истрага, која е спроведена во соработка со белгиската полиција. Некои од уапсените се поврзани со џихадистички организации, како и со...

Уапсени две лица во Русија поради регрутирање терористи

Две лица се уапсени во Русија поради сомнение дека регрутирале терористи од Централна Азија, јавуваат руските медиуми, додавајќи дека лицата се поврзани со неодамнешниот терористички напад во метрото во Санкт Петербург. Еден осомничен е обвинет дека регрутирал за ИД, а другиот за терористички организации во Сирија. Досега, по нападот во метрото во Москва и во Санкт Петербург се уапсени осум луѓе од...

Уапсени шест осомничени терористи во Санкт Петербург

Шест лица се уапсени во Санкт Петербург под сомневање дека регрутирале за Исламска држава и дека помагале терористички активности, соопшти руски истражител. Нема докази дека уапсените, кои се граѓани на држава од Средна Азија, на кој било начин се поврзани со бомбашкиот напад во метро-станицата во Санкт Петербург во која загинаа 14 лица, а 50 беа повредени, соопшти руското државно...

Уапсени тројца Косовци кои планирале напад на Венеција

Тројца мажи, по потекло од Косово, се уапсени во италијанскиот град Венеција, а се верува дека станува збор за припадници на терористичка група, пишува италијанскиот весник „Република“. Косовците се уапсени за време на полициска акција кај театарот „Фениче“. Полицијата соопшти дека уапсените имале важечка дозвола за престој во Италија и дека најмалку двајца работеле како келнери во едно градско кафуле. Во...

Трамп потпиша указ со кој во САД се забранува влез на државјани од седум муслимански земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. При потпишувањето на указот, Трамп изјавил дека неговата администрација сака поригорозен надзор над бегалците и над посетителите од одредени земји за да се спречи терористички напад. Тој додаде дека САД сакаат да ги примат само тие...

Турските власти отпуштија 8.390 државни службеници

Турските власти денеска отпуштија 8.390 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички организации, а наредија и затворање на повеќе од 80 организации, меѓу кои и спортски клубови. Како што јавуваат турските медиуми, отпуштените службеници се од 63 различни државни институции, а меѓу нив 2.687 лица се полицајци, 1.699 се вработени во Министерството за правда, а 838 се здравствени работници.  Меѓу...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...