fbpx
Таг: терористи

таг: терористи

Спречен терористички напад во Брисел

Белгиската полиција спречи терористички напад, апсејќи лице кое на себе имало појас со експлозив, јавија белгиските медиуми. Бриселските власти информираа дека мажот е уапсен во центарот на Брисел, а полицијата поради дојава за поставена бомба претходно го евакуирала трговскиот центар „Сити 2“ и го блокирала целиот регион. За време на блокадата затворени беа сите булевари и метро-станицата Рожије. Белгискиот премиер Шарл Мишел го прекина...

Во Белгија уапсени 12 лица, осомничени за тероризам

Белгиската полиција синоќа уапсила 12 лица осомничени за тероризам во рации извршени во 40 домови во Белгија, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител, додавајќи дека лицата се осомничени за подготвување напади. Во рамки на акцијата се приведени 40 лица, од кои 12 се здржани во притвор. Полициската акција е спроведена во 16 општини, од кои повеќето се наоѓаат во Брисел и во...

Две лица уапсени за убиството на полицаецот и на неговата сопруга во Париз

Две лица се уапсени денеска во рамки на истрагата за убиството на еден полицаец и на неговата сопруга во предградието на Париз, кое француските власти го окарактеризираа како терористички напад. Извори од полицијата изјавија дека двете лица се поврзани со Лароси Абала, кој го уби полицаецот, а потоа се забаракадира во неговата куќа, убивајќи ја и неговата сопруга. Полицијата го ликвидираше,...

Терористички напад во трговски центар во Тел Авив

Во терористички напад во Тел Авив, Израел, синоќа тешко биле ранети шест лица, додека три биле убиени, јавија светските медиумите, повикувајќи се на информации од израелската полиција. Терористичкиот напад се случил во трговскиот центар „Шарон“, а според зборовите на портпаролот на полицијата, подрачјето веднаш било евакуирано. Медиумите шпекулираат дека нападот го извеле ортодоксни Евреи. „Шарон“ е најголем затворен трговски центар во...

СДСМ: Груевски и неговите соработници ќе поднесат сметка за Диво Насеље

Никола Груевски и неговата власт ќе им поднесат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разурнати, на граѓаните на Куманово и на Македонија за тоа што се случи на 9 мај во Диво Насеље, обвинуваат од СДСМ. „Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље? Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко-криминалната група, бидејќи...

„Диво Насеље“: Горчина од неодговорени прашања и почит кон жртвите

Денеска е точно една година од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Министерството за внатрешни работи, по завршувањето на борбите, на 10 мај излезе со изјави и со соопштенија дека е ликвидирана „една од најопасните терористички групи на Балканот“,...

НАТО и ЕУ предупредуват дека ИД планира напади со биолошко оружје

Терористичката група Исламска држава планира напади со билошко и со нуклеарно оружје во Европа, сметаат функционери на НАТО и на ЕУ. Постои „оправдана загриженост“ дека терористичката група се обидува да добие супстанца што може да се користи за да се развие билошко, хемиско и радиолошко оружје, тврдат функционерите. Заменик-шефот за противтероризам во Европската комисија, Хорхе Берто Силва, на саемот за безбедност и...

„Билд“: Терористите планираат напади на европските плажи

Германскиот весник „Билд“ денеска објави дека европските плажи, особено во Италија, Шпанија и на југот на Франција, би можеле да бидат мета на исламистички бомбашки напади. „Планираа терористички напади на нашите плажи“, е насловот на „Билд“, објавен со слика на која плажата се гледа низ нишан, пренесуваат италијанските медиуми. Германскиот весник наведува дека постои страв дека терористи можат да се преправат во...

Уште две лица обвинети за нападите во Брисел

Белгиските власти обвинија уште двајца мажи за терористички дела, додавајќи дека биле поврзани со изнајмување куќа што ја користеле при вршење на нападите во Брисел, соопшти денеска федералното обвинителство на оваа земја. Обвинителите ги идентификувале двајцата обвинети како Смаил Ф., роден 1984 година, и Ибрахим Ф., роден 1988 година. Во соопштението се додава дека во нападите извршени на 22 март во Брисел...

Бомбаши самоубијци нападнале полициска станица во Русија

Бомбаши самоубијци нападнале полициска станица во Ставропољ на југозападот на Русија. Како што јавуваат руските медиуми, пред полициската станица одекнале пет експлозии. Според непотврдени информации, тројца напаѓачи се разнеле, додека четвртиот бил ликвидиран пред да ја детонира експлозивната направа. Засега нема информации за други жртви. Од полицијата во Ставропољ потврдија дека нападот бил насочен кон полицијата. - Нападот е извршен на полициска...

Амбасадата на САД во Турција предупредува на терористички напади во Истанбул и во Анталија

Амбасадата на САД во Турција денеска ги информираше своите граѓани дека има сознанија за реални закани од терористички напади во туристичките зони во Истанбул и во јужниот град Анталија. Во соопштението објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Турција, пишува дека треба особено да се внимава на плоштадите и на кејовите. Амбасадата апелира граѓаните да ги следат и локалните медиуми.

Полициска операција во квартот Етербек во Брисел

Голема полициска акција се одвива во бриселскиот кварт Етербек, јавуваат белгиските медиуми. Според очевидците, во квартот се распоредени околу 50 полицајци, меѓу кои има и припадници на единицата за деминирање и снајперисти. Жителите во квартот се евакуирани, а на местото пристигнале и спасувачки служби.

Антитерористичка акција во Брисел, уапсено едно лице

Бриселската полиција денеска спроведе акција во квартот Шаербик, при што е уапсено едно лице. Акцијата е поврзана со вчерашното апсење на терористот во Париз. Телевизијата „Ер-те-бе-еф“ јавува дека едно лице одбивало да ги изврши полициските наредби, по што е неутрализирано. Лицето кај себе имало ковчег или торба во која се наоѓал експлозив. Началникот Бернард Клефајт рече дека акцијата е завршена, но...

Уапсени милитанти во Белгија и во Франција

Белгиската полиција синоќа уапсила шест лица во рамки на истрагата за терористичките напади во Брисел, соопшти канцеларијата на федералното белгиско обвинителство. Одлуката за подигнување обвиненија против осомничените ќе биде донесена денеска. Нивото на антитерористичката готовност во Белгија е подигната на максимално ниво, еден час по нападите, а намалена е синоќа на трето ниво. Белгискиот министер за внатрешни работа и правосудство поднесоа оставки,...

Терористите од Брисел сакале да нападнат нуклеарна централа

Бомбашите самоубијци од Брисел, браќата Халид и Ибрахим ел Бакрау, планирале да ја нападнат белгиската нуклеарна централа, јавува весникот „Дерниер хеуре“. Весникот наведува дека апсењето на парискиот напаѓач, Салах Абдеслам, им ги забрзало плановите на терористите. Браќата поставиле скриена камера пред домот на директорот на истражувачката програма на белгиската нуклеарна централа, вели весникот. Доказите што ги собрале властите покажуваат дека истата терористичка ќелија стои...

Пад на европските берзи по терористичкиот напад во Брисел

По терористичкиот напад на бриселскиот аеродром и во метрото, акциите на европските берзи паднаа, со што најголем пад доживеаја акциите на патничките и на авиокомпаниите, јавува „Ројтерс“. - Геополитичките ризици, вклучувајќи ги и терористичките акции кои директно го погодуваат тргувањето или движењето на инедксот, сè уште претставуваат исклучително ризичен фактор кој треба да се следи - велат аналитичарите. Инвеститорите остануваат фокусирани...

Вучиќ: Ќе учествуваме во борбата против тероризмот и ќе ги заштитиме граѓаните

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тоа што денеска се случи во Брисел е катастрофа и дека е згрозен од тие случувања, но верува дека Европа и светот ќе најдат најдобар одговор за терористичките напади. Вучиќ вели дека по ваквите напади очекува мир и присебност. - Никој од нас не смее да го направи тоа што терористите најмногу би го сакале,...

Турција ја обвини Исламска држава за самоубиствениот бомбашки напад

Министерството за внатрешни работи на Турција бомбашот самоубиец во Истанбул го идентификуваше како милитант поврзан со Исламска држава. Министерот Ефкан Ала денеска изјави дека бомбашот е идентификуван како Мехмед Озтурк - турски државјанин, роден 1992 година во јужниот турски град Газиантеб. Пет други осомничени се уапсени под сомненија за поврзаност со нападот на 19 март, кога бомбашот се самоуби, при што...

Во напад на Исламска држава на Синај убиени 18 лица

Најмалку 18 луѓе, од кои 13 египетски полицајци, загинаа синоќа во напад на контролна точка на полуостровот Синај, соопшти египетското министерство за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи додава дека нападот е извршен во близина на градот Ал Ариш, главниот град на покраината Северен Синај. „Контролната точка Сафа е погодена со минофрлачка граната, при што загинаа 13 полицајци“, се наведува во...

Во Париз уапсени четири лица под сомнеж дека планирале напад

Француската противтерористичка организација уапсила четворица радикални исламисти поради сомневање дека планирале нов напад во центарот на Париз, пренесуваат француските медиуми. Тројца мажи и една жена се уапсени во раните утрински часови во Париз во приградското место Сен Дени на Сена. Полицијата имала досиеја за сите четворица и индиции за нивна поврзаност со радикален ислам. За време на апсењето, запленети се неупотребен шаржер...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...