fbpx
Таг: струја

таг: струја

Владата формира работна група за тендер за избор на универзален снабдувач со струја

На вчерашната 69. седница, министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата во врска со формирање на работна група која ќе подготви тендерска документација за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија. „Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен на економски прашања е задолжен во рок од 7 дена...

Електропреносните систем-оператори ќе формираат едeн пазар за струја на ЈИЕ

Единствен пазар на електрична енергија во земјите од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и негова интеграција во Пан-европскиот пазар на електрична енергија е заедничката цел на компаниите преносни систем-оператори од девет држави учесници на Форумот под мотото „Границите да станат мостови“, што во организација на МЕПСО денеска се одржува во Охрид. Форумот на преносни систем-оператори под мотото „Границите да станат...

Остри полемики за законите за финансиска поддршка на инвестициите и за енергетика

Со многу остри полемики и обвинувања помеѓу власта и опозицијата, денеска Собранието во рамките на 45-тата седница, покрај десетина закони што ги изгласа без расправа, го донесе и Законот за финансиска поддршка на инвестициите. На гласањето му претходеше долга расправа со многу реплики и контрареплики помеѓу вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а во дискусијата се вклучија и неколкумина...

Кворумот и „проблеми со струјата“ ја прекинаа работата на Собранието

Поради одредени проблеми со струјата во делови на Скопје, а и ние имаме проблеми, со работата на оваа седница ќе продолжиме утре, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери по паузата за ручек, прекинувајќи ја денешната 45-пленарна седница. Инаку, салата беше нормално осветлена, а работеше и разгласот. Инаку, во собраниската сала имаше недоволно пратеници за кворум, а Џафери првин почека неколку...

ЕЛЕМ ќе продава планирани вишоци струја

Државниот производител на струја објави дека следната седмица на аукција ќе понуди вкупно 102.720 мегаватчасови електрична енергија, кои ќе може да ги испорача во јуни, јули и август годинава. На аукцијата ќе учествуваат лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори. „Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, е прва по...

Анѓушев: Продажбата на ЕДС беше максимално транспарентна

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев за продажбата на неговата компанија ЕДС на грчката национална компанија за производство на електрична енергија ППЦ рече дека транзицијата на сопственоста ќе трае дваесетина дена. - По финасиската трансакцијата, согласно законите во Македонија ќе си платам персонален данок и средствата што сум ги добил од продажбата ќе ги прикажам во мојот анкетен лист. Им...

Анѓушев за 4,8 милиони евра ја продаде ЕДС на грчкото Електростопанство

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, сопственик на компанијата за трговија со струја ЕДС, денеска го потпиша договорот со Грчката национална компанија за производство на струја ППЦ, со кој ЕДС станува целосно во сопственост на грчкото електростопанство. Како што соопштија компаниите, ЕДС, која преку своите подружници работи во Словачка, Унгарија, Романија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Грција и Бугарија, е продадена за...

ЕЛЕМ: Струја произведуваме колку што е моќноста на хидроелектраните

ЕЛЕМ може да произведува електрична енергија преку хидроелектраните толку колку што е нивната моќност, се вели во реакцијата на компанијата, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се загубени половина милион евра поради ненавремено производство на струја на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Во соопштението се додава дека „во години на големи дотеци, како што е оваа, производствените капацитети на ЕЛЕМ технички не...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја, законот не е правен за нивни потреби

Законот за енергетика не е правен за потребите на граѓаните, туку за потребите на Кочо Анѓушев и трговците со струја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши. Од партијата додаваат дека граѓаните не добиваат поевтина, туку ќе плаќаат поскапа струја. „Либерализацијата на пазарот беше предвидена и од ВМРО-ДПМНЕ. Но доколку...

Со новиот закон за енегетика нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми со новиот предлог-закон за енергетика кој помина на владина седница, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој рече дека домашното производство на електрична енергија ќе биде насочено кон граѓаните, за да тие, особено од најранливите групи, бидат заштитени од покачување на цените на струјата. - Цената на електрична енергија на домаќинствата...

Македонија и Грција ќе ја олеснуваат трговијата со струја

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) и грчкиот електропреносен систем-опратор (АДМИЕ) ќе работат на опциите за да ги зголемат прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија, со што, ќе ја олеснат трговијата со електрична енергија и ќе ја зголемат сигурноста во работењето на соседните системи. Ова го заклучија генералните директори на двете компании, Сашо Василевски и Манос Манусакис на официјална билатерална...

ЕЛЕМ ќе купува сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола

Во завршна фаза е тендерската документација за купување на сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, со што ЕЛЕМ ќе го елиминира или ќе го сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми во оваа државна компанија, информираат од таму. Од таму додаваат дека, намерата на раководството е ЕЛЕМ и нејзините подружници при производството на електрична енергија да се...

Екипите на „ЕВН Македонија“ ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во Југозападниот дел на Македонија. Без струја се дел од населените места во планинските региони околу Охрид, Струга, Гостивар, Кичево, Тетово, Маврово и Реканскиот крај. „Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места, освен онаму каде...

Грчкото електростопанство ја купува ЕДС на вицепремиерот Анѓушев

Грчката национална компанија за производство на струја, „Паблик пауер корпорејшн“ ППЦ (Public Power Corporation) ја почнала постапката за купување на компанијата „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) на вицепремиерот Кочо Анѓушев, информираат од компанијата. Од таму се додава дека, постапката за целосно купување на групацијата ЕДС со сите нејзини подружници на Балканот, ќе се реализира откако одобрение за тоа ќе издаде македонската Комисија...

Утре делови од Ѓорче Петров, Карпош и Центар ќе бидат без струја

Дел од жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија поради поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа. Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците...

СДСМ: Од денеска домаќинствата може да користат евтина тарифа на струјата

Од денеска, секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата, секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник, се вели во соопштение на владејачкиот СДСМ. Во него се додава дека тоа ќе значи „пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети“. „По заокружувањето на промените на локалните избори,...

ЕЛЕМ ќе купува струја за грејната сезона

ЕЛЕМ денеска ќе распише повик, а на 10 октомври ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 гигават-часови електрична енергија. „Електричната енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката поради грејната сезона. Производството на ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК Битола сè уште ќе биде...

EДС на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

Компанијата „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Македонија потпишан во декември 2016 година. Во барањето доставено од компанијата до МЕПСО, стои дека причина за барањето е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев,...

БЕГ ги потсетува станарите да ја проверат инсталацијата за централно греење

Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска доколку временските услови тоа го наложуваат, информираше компанијата „Балкан енерџи груп“, која е давател на услугата централно греење во Скопје. Компанијата апелира станарите да ја проверат внатрешната инсталација, а куќните совети и управителите на згради да овозможат непречен пристап на службените лица до потстаниците за...

ЕВН од утре ќе ги усогласува броилата во домаќинствата за да се воведе евтина струја

ЕВН од утре ќе почне со усогласување на броилата, за домаќинствата од 1 октомври да добијат евтина струја. Претседателот на управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер, информираше дека тоа ќе се прави постепено. Усогласувањето на броилата ќе почне како резултат на одлуката на Владата, од 1 октомври да се воведе евтина струја од 14 до 16 часот. За цената на електричната енергија,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...