fbpx

Утре делови од Ѓорче Петров, Карпош и Центар ќе бидат без струја

-

Дел од жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија поради поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, поточно од бр. 98 до бр. 114 во Карпош, и од 10:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на „Максим Горки“ и „Наум Наумовски – Борче“ во Центар.

Во вторник (19 декември) од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мирче Оровчанец“ во Центар, од 9:00 до 14:30 часот дел од корисниците од село „Сарај“ и од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците на улиците „Прашка“ и „Париска“ во скопски Карпош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...