fbpx
Таг: соопштенија

таг: соопштенија

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес - служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно - дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и...

Бошњаковски: Владата нема практика да усогласува соопштенија од средби на Заев

Владата останува на ставовите изнесени во соопштението од средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор Олег Шчербаг и покрај реакцијата на амбасадата на Руската Федерација во Македонија. „Владата на Република Македонија нема практика да усогласува став во врска со соопштенија од овој вид средби“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски во изјава за државната новинска агенција МИА, во врска...

ВМРО-ДПМНЕ ја снема и од интернет, по дебаклот на изборите

По исходот од вчерашните локални избори, на кои СДСМ извојува убедлива победа во повеќе од 40 општини уште во првиот круг, денеска целосен молк од ВМРО-ДПМНЕ, која доживеа тежок пораз. На официјалната интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ нема објави денеска. Го нема ниту синоќешното обраќање на партискиот лидер, Никола Груевски. Нови објави нема ниту на официјалниот фејсбук-профил на Груевски. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не одговараа ниту...

Нова комуникациска практика на СЈО – пресовите ќе паузираат, ќе фрчат соопштенија

Првпат во досегашното постоење, Специјалното јавно обвинителство двете нови истраги со име „Тарифа“ и „Тенк“, наместо на прес-конференција, ги презентираше во јавноста преку соопштение на својата официјална интернет-страница. Последната прес-конференција СЈО ја одржа пред повеќе од два месеци, на 18 ноември минатата година. Причината за ваквата промена во практиката на објавување истраги од СЈО официјално не ја соопштија, но тоа од СЈО...

Судиите контра СЈО: Квазиексперти, шоумени, незнајковци, нецивилизирани, некултурни

Основниот суд Скопје, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет деновиве преку соопштенија и изјави на нивни претставници разменуваат „непријателски оган“ со Специјалното обвинителство и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Во овие преписки се користат зборови како: квазиексперти, шоумени, непрофесионалци, незнајковци, непријатели, неисполнителни, разочарани, нецивилизирани, некултурни, со двојни аршини... Кривичен суд за Специјалното јавно обвинителство (СЈО): Има двојни аршини; Дава некомплетни...

СДСМ ја смени реториката: „Осомничениот Груевски“ стана „обвинетиот Груевски“

По најавата на Специјалното јавно обвинителство дека поднело две обвиненија до Основниот суд Скопје 1, едното за незаконско уништување документи поврзани со опремата за прислушување и второто за насилството во Општината Центар, опозицискиот СДСМ ја смени реториката со која се обраќа кон поранешниот премиер Никола Груевски. Во соопштенијата што ги испраќаат до медиумите и на прес-конференциите на нивните членови, СДСМ повеќе...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...