fbpx
Таг: Себастијан Курц

таг: Себастијан Курц

Себастијан Курц е на пат да ја освои титулата најмлад премиер во Европа

Досегашниот шеф на дипломатијата на Австрија, младиот конзервативец Себастијан Курц, е на пат да стане нов канцелар и со тоа и најмладиот премиер во Европа. Тоа се должи на предвидувањата на анкетите за гласовите што ќе ги добие неговата конзервативна Народна партија, на денешните парламентарни избори во Австрија. Според сегашните проекции, Народна партија може да се надева на 30,2 проценти гласови,...

Мора да се затворат сите рути за да се спречи миграцијата, смета Курц

Илегалната миграција кон Европа ќе постои сè додека не се затворат сите, оцени шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. - Наша задача е да ја затвориме медитеранската рута. Мораме да осигураме дека сите рути ќе бидат затворени. Сè додека медитеранската рута е отворена, додека има рута кон Европа, луѓето ќе се движат кон нашите земји – рече Курц. Тој, исто така, рече...

Димитров утре во Австрија на покана на Курц

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Австрија на покана на австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, информираат од Министерството за надворешни работи. Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да оствари средби и со членови на комисијата за надворешнa политика во австрискиот Национален совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на...

Курц смета дека треба да се затворат градинките за деца муслимани во Виена

Министерот за надворешни работи и шеф на Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, смета дека треба да се затворат градинките за деца муслимани во Виена кои ги посетуваат 10.000 деца, пишуваат австриските медиуми. Тој додал дека таквите градинки, јазично и културно се целосно одвоени од мнозинството во општеството. Според него, клучот е во успешна интеграција и во знаење германски јазик....

Курц: На ЕУ ѝ се потребни помалку правила, но тие треба да се јасни и да се почитуваат

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, изјави дека на Европската Унија ѝ се потребни помалку правила, но дека тие треба да бидат јасни и да се почитуваат. „Денес мора да признаеме дека сме во критична фаза, но добрата вест е дека иако сме во Европската Унија, нам ни останува да осигураме дека таа се развива во добар правец. Правилата...

Курц и Заниер најостро ги осудија упадот во Собранието и нападот на пратениците

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц, и генералниот секретар на ОБСЕ, Лaмберто Заниер, најостро го осудуваат вчерашниот упад во Собранието на Македонија во Скопје. Тие сметаат дека насилството не може да биде замена за политичките решенија и дека таквите решенија треба да се бараат во рамките на демократските процеси на одговорен начин. „Нападите на неколку членови на...

Курц: Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава, демократијата и од ЕУ

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по повод исходот од референдумот во Турција рече дека таа земја јасно се одлучила против Европската Унија. „Иако е гласано тесно во корист на измените на Уставот, тоа значи дека Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава и од демократија. Исходот од гласањето е јасен сигнал против ЕУ“, порача Курц. Тој изјави...

Попоски: Треба да бараме обединување околу една кауза – да сме дел од ЕУ

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, со шефот на австриската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, во Виена разговараше за регионалната стабилност и за потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот. - Што и да се случува во регионот, какви и да се предизвиците, доколку членството во ЕУ изгледа достижно, тоа...

Курц предлага создавање центри за бегалци во Грузија или земјите од Западен Балкан

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, се залага за создавање центри за бегалци надвор од територијата на Европската Унија, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН, пишува германскиот весник „Билд“. - Потребни ни се центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ, што заедно ќе работат со Високиот комесаријат за бегалци на ОН. Нема толку фундаментално...

Мора да ги слушаме младите и да ги направиме дел од решението, порача Курц

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи Себастијан Курц, министерот за надворешни работи Никола Попоски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен, како и неформалната советодавна група за млади при Мисијата синоќа разменија мислења за перспективите на младите во борбата против терористичката радикализација и насилниот екстремизам за време на тркалезната маса која се...

Курц: Конечните одлуки треба да ги донесат партиите, а ние нема да се мешаме

Македонските политички партии треба да ги донесат одлуките кои што се носат по избори, а од наша страна нема да има мешање во понатамошниот тек на настаните, изјави шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, кој денеска е во посета на земјава. Тој истакна дека интересот на Австрија е во Македонија и понатаму да има силен партнер...

Попоски и Курц ја посетија „котата 59“, но го одминаа кампот „Винојуг“

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Себастија Курц, денеска пристигна во земјава, а попладнево со својот домаѓин, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија. Изјава за медиумите, за време на посетата на „котата 59“, даде само Попоски кој истакна дека Македонија одиграла клучна улога во спречувањето...

Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски. Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница...

Австрија од 1 јануари го презема претседавањето со ОБСЕ

Од 1 јануари 2017 година, Австрија го презема претседавањето со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ). Претседавањето со ОБСЕ, кое трае една година, Австрија го презема од досегашниот претседавач, Германија. Австриското претседавање со организацијата доаѓа во многу чувствителен момент, поради украинската криза, која сè уште не е решена, а предизвика и влошување на односите меѓу Западот и Русија. Шефот на австриската...

Австрија како иден претседавач со ОБСЕ ќе бара дијалог со Русија, порача Курц

Австрија следната година, како претседавач со ОБСЕ, ќе бара дијалог со Русија, која со кризата во Украина го прекрши меѓународното право, порача денеска на министерскиот состанок на земјите членки на ОБСЕ, шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. - И покрај сите црвени линии кои се пречекорени, неопходно е да ѝ се пристапи на Русија, затоа што сè друго нема да...

„Стандард“: Настапот на Курц во Скопје е задоцнета и лоша исплата за бегалската криза

Настапот на шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, во неделата, е задоцнета и лоша исплата на долгот кон македонските власти за затворањето на македонско-грчката граница и за запирањето на протекот на мигранти кон Австрија и кон Западна Европа, пишува виенски „Стандард“. „Изминативе месеци, многумина се прашуваа што доби македонската влада со затворањето на границата...

Брисел не ја коментира посетата на Курц и стои на ставот да се одвои партијата од државата

Европската комисија денеска не сакаше да ги коментира учеството на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и неговата државничка средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. На прашање од „Мета“, како ја коментираат ваквата посета на висок претставник на земја-членка на ЕУ, од Брисел велат дека стојат зад изјавата која на 18 ноември...

Курц: На митингот присуствував како член на сестринска партија и тука нема ништо спорно

На вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ присуствував како член на Европската народна партија и тука нема ништо спорно, рече министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, како одговор на новинарско прашање по денешната средба со неговиот македонски колега, Никола Попоски. – Овде сум како австриски министер за надворешни работи. Вчера бев на настан на партијата, присутен како претставник на Народната...

Курц: Затворањето на балканската рута беше правилен чекор

Затворањето на балканската рута беше правилен чекор, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, пред одборот за надворешна политика на австрискиот парламент. Курц ги отфрли тврдењата на пратеничката од Зелените, Ален Корун, дека затворањето на балканската рута придонело за најголемиот товар да падне врз Грција и врз Италија. Тој, исто така, негираше дека официјална Виена води политика на оградување...

Курц: Бурката не е верски, туку антисоцијален симбол

Австриските конзервативни политичари вчера повикаа да се забрани носењето бурка, истакнувајќи дека тоа не им овозможува на жените да се вклопат во австриското општество. Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц од Народната партија која планира следната година да го донесе новиот закон за интеграција, рече дека верските симболи, како што е бурката се прашања за кој треба да...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...