Свилановиќ: Ромките се најранлива група во регионот


Белград, 31 октомври, 2018 - 14:01 (META) 

Најранилва група во регионот на Западен Балкан се Ромките, беше истакнато на регионалната конференција што започна денеска во Белград, Србија, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС), а под покровителство на Владата на Србија и CARE Интеренешнл Балканс.

„Девет од десет млади Ромки на возраст од 18 до 24 години во целиот регион не се школуваат, не проаѓаат никакви обуки, ниту се вработени“, изјави Горан Свилановиќ, генералниот секретар на РСС, повикувајќи се на истражување за положбата на Ромите.

Тој додаде дека поради тоа постои голема потреба да се вложува во нивното образовние, вработување, економска самостојност и зацврстување.

„Интеграцијата на Ромите не само што е еден од важните приоритети за регионот во врска со проширувањето кон ЕУ, туку тоа е и потреба на нашите општества“, изјави Свилановиќ.

Потпретседателката на Владата на Србија, Зорана Михајловиќ го потенцираше регионалниот пристап кон решавање на ова прашање за полесно надминување на положбата во која се наоѓа ромската заедница и посебно Ромките.

На Конференцијата под име „Економската (не)зависност на Ромските жени, предизвици и рани причинители“ учествуваат преку 130 владини службеници, претставници на цивилното општество и на меѓународни организации од регионот.

Еден од говорниците е и Аксел Ахмедовски, министер во Владата задолжен за спроведување на Стратегијата за подобрување на позицијата на Ромите во државата.


СДСМ: Македонија е трета во Европа по најлоши резултати на преживување од рак


Скопје, 16 февруари, 2017 - 12:54 (META) 

Европскиот здравствен индекс (ЕХЦИ), едно од најрелевантните истражувања за Европската комисија, за 2016 година покажа дека Македонија е трета во Европа по најлоши резултати на преживување на болни од малигни заболувања, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека, „10 години граѓаните болни од рак немаат достапни современи терапии.“

– За Никола Тодоров и за Никола Груевски беа поважни гипс картоните од 630 милиони евра за „Скопје 2014“, грамадното здание за нивното партиско седиште ВМРО-ДПМНЕ, тешко, според некои проценки до 30 милиони евра. Па и милионските тендери за наводна медицинска опрема од коишто корист има само во џебовите на криминалната власт – се додава во соопштението.

Од СДСМ велат дека новите лекови кои се промовираа се стари и повеќе од 10 години.

-Лекот „сорафениб“ за карционом на црн дроб е во употреба веќе 10 години, „оксалиплатин“ е 21 година во употреба, „бевацизумаб“ е лек со лиценца од пред 11 години. Да мислеа тие на граѓаните болни од рак, ќе им ги донесеа лековите на луѓето пред 10 години – велат од СДСМ и препорачуваат да престанат манипулациите со оваа ранлива категорија на граѓани.