Мисијата на ММФ од утре ќе го врши редовниот годишен преглед на македонската економија


Скопје, 7 ноември, 2018 - 12:41 (META) 

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман од утре до 16 ноември, ќе престојува во Македонија со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија.

– Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци – се вели во пишаната изјава на Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија


Службените лица ќе мораат на психијатар за да ракуваат со оружје


Скопје, 29 јануари, 2015 - 14:38 (META) 

Службените лица кои поседуваат оружје, освен редовните систематски прегледи, ќе мора да посетат и психолог и психијатар. Ваква одлука е донесена на последната седница на Владата, на која се разгледувале неколку законски решенија кои ќе бидат вметнати во повеќе закони. Портпаролот Александар Ѓорѓиев рече дека психолозите и психијатрите ќе треба да дадат извештај за психичката состојба на службеникот и да кажат дали тоа лице може безбедно да ракува со оружје.

Откако ќе почне официјална постапка за кривично дело или некаков прекршок со елементи на насилство, МВР и центрите за социјални работи ќе мораат во рок од 24 часа да ја известат институцијата во која работи лицето, а институцијата ќе мора да му го одземе оружјето и муницијата. По ова, осомничениот ќе биде подложен на психолошки и на психијатриски прегледи.

– Претпоставениот на лицето кое се сомничи за насилство е должен вработениот да го прераспредели на друга должност, на која ќе нема никаков допир со оружје – рече Ѓорѓиев.

Како што посочи портпаролот, со овие измени се овозможува институциите навремено да реагираат за да се намалат случаите на овој вид девијација во Македонија.

 


Нов метод: преглед на фетус со магнетна резонанција


Скопје, 8 јануари, 2015 - 15:48 (META) 

Преглед на фетус со магнетна резонанција е нов метод воведен на Универзитетската клиника за радиологија.

Прегледот го овозможува новата апаратура со која располага таа јавна здравствена установа, како и новиот проект на Министерството за здравство, кој овозможува едукација на врвни специјалистички кадри во странство.

Преглед на фетус со магнетна резонанција не е сè уште воведен во системот на прегледи на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, но во многу блиска иднина можно е тоа да се спроведе.