fbpx
Таг: осомничени

таг: осомничени

ЈО: На Онкологија биле издавани скапи лекови на ден пред смртта на пациентите

На пациентите кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија и радиотерапија им се препишувале и издавале скапи имунотерапевтски лекови еден ден пред да починат, кога веќе било очигледно дека нема да имаат бенефит од таквата терапија. Ова се дел од наодите кои денеска на брифинг со новинарите ги изнесоа обвинителите од скопското Јавно обвинителство (ЈО). Надлежната обвинителка Ана...

Обвинителството му одговори на Кривичен: Со упадот во М-НАВ загрозен авиосообраќајот

По денешното соопштение преку кое Основниот кривичен суд се дообјасни зошто го одбило предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за Беким Незири и за уште тројца осомничени за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање, попладнево реагираа и од Основното јавно обвинителство. „Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од...

Кривичниот суд се дообјаснува зошто нема притвор за напаѓачите во М-НАВ

Основниот кривичен суд од Скопје денеска преку соопштение објаснува за причините поради кои го одбило предлогот на обвинителството за определување на притвор за Беким Незири и уште три осомничени лица за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање на своето работно место. Наместо притвор, судот во петокот им определи мерки на претпазливост на овие лица. „Јавноста мора да...

Продолжен притворот на осомничените за киднапирањата и убиствата на Вања и Панчо

Кривичниот суд од Скопје им го продолжи притворот за 30 дена на петтемина осомничени за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информираат од овој суд. Три лица (В.М., В.К. и Б.В.) се осомничени за киднапирањата и убиствата на Вања и Панче, додека таткото на убиеното девојче е осомничен за киднапирање на ќерка си. С.Д....

Богобојазливи радикални десничари осомничени за двојно убиство и обединети во политичката партија „ДЕСНА“

Споени три прста за светото тројство како заштитен знак. Фантомка и мачета пред карта на „Голема Македонија“. Собирање потписи и донации за „одбрана на името на МПЦ“. Свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на кое му претходела уште една ликвидација, на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Она што е неспојливо само навидум и што би било инспиративна приказна...

Првоосомничениот Љ.П. поврзан со убиството на Вања е во бегство, тројца вечерва ќе бидат спроведени во „Шутка“

Во околината на Скопје денеска беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, додека во околината на Велес е пронајдено телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Жежовски беше претседател на Унијата на ветерани на партијата Единствена Македонија. Неодамна излезе на прес-конференција, со поддршка до пензионерите за нивните барања за линеарно зголемување на пензиите....

Истрага за 23 луѓе осомничени за трговија со дрога и оружје

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога...

Обвинителството нареди истрага на полицајци што примале поткуп на Табановце

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, информираат од обвинителството. За овие лица, како што е наведено во соопштението, постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување“ и како...

Првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот се предаде на полицијата, спроведен е во притвор

Анџело Ѓорѓиевски (28), првоосомничен за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“, синоќа околу 1:20 часот ѝ се предал на полицијата на подрачјето на скопската населба Аеродром, информираат од МВР. Од таму велат дека презеле интензивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, по што следело неговото предавање. „Ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ...

Полицијата сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од осомничените запленети се препариран тропски мајмун и лебед

Полицијата сè уште не го најде лавчето Симба. Според информациите кои Мета ги доби од Основното јавно обвинителство при претрес кај лицето чии фотографии со лавчето беа објавени, не е пронајдено дивото животно. Министерството за внатрешни кое по насоки на Основното јавно обвинителство Куманово го лиши од слобода кумановецот С.А.(31) презема дејствија за пронаоѓање и за утврдување на начинот на...

Артан Груби нема сестра, туку двајца браќа, а осомничениот е пронајден!

Споменатиот вицепремиер Груби не е во блиско ниту подалечно сродство со еден осомничен за убиството на младо момче од Скопје, кој, патем, по потерница од МВР бил пронајден и приведен во Германија, пишува „Вистиномер.мк“ во рамките на својата ексклузивна соработка со Фејсбук за проверка на вистинитоста на објавите.   Пост со вистинска фотографија, но со неточни тврдења, е објавен на Фејсбук...

Притвор за возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

Судот прифати три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници. Притвор добија возачот кој возел со недозволена брзина, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и раководителот. „Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице,...

Цаца – Николовска: И покрај мислењето на Врховен суд за СЈО, осомничените нема да се спасат

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, вели дека иако Врховниот суд донесе начелно правно мислење со кое се запираат истражните постапки на Специјалното јавно обвинителство, сепак осомничените нема да се спасат од кривична одговорност. Според неа правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги...

Камчев и осомничените во „Империја“ добија нови 30 дена притвор

Кривичниот суд во Скопје им определи нови 30 дена притвор на осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство. СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничените да им биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што сè уште опстојуваат причините поради кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство. Бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници...

Четири лица под истрага во Прилеп за кривично дело насилство

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, поради постоење основано сомнeние дека сториле кривично дело насилство. Лицата се осомничени дека на 3 ноември во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни повреди на двајца оштетени. По претходна вербална расправија помеѓу оштетените и еден од осомничените, тој телефонски ги повикал...

Ангеловски: Напаѓачите на починатото момче се во притвор и ќе одговараат

Насилникот е насилник, без разлика на неговата етничка припадност, во државата постојат закони, функционира правната државата и одговорните за нападот врз Н.С. (21), кој изутрината почина во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ ќе одговараат пред законот, изјави денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Нагласи дека МВР експресно го расчистило случајот и сторителите се приведени и одредена им е мерка притвор. Тој...

ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен учесник во продлабочувањето на кризата поттикната од власта

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27 април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот, повторно реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за продолжувањето на притворите на осомничените за минатогодишните насилства во Собранието. Од партијата велат дека Македонија е узурпирана држава каде е...

Судот по втор пат им го продолжи притворот на осомничените за 27 април

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето на Обвинителство и им ги продолжи притворите на 28 осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, соопштија попладнево од судот. Со одлуката на судот, по втор пат им е продолжена мерката притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Богдан Илиевски – Бетмен, актерот Владо Јовановски,...

Апелација денеска ќе одржи јавни седници за жалбите на притворените за 27 април

Апелацискиот суд за денеска ги закажа јавните сендици на кои ќе се разгледуваат жалбите на дел од притворените за насилствата во Собранието од 27, април, минатата година. Првата седница, како што информираат од Апелација, е закажана во 14 часот, откако второстепениот суд вчера ги добил одговорите на жалбите од Вишото јавно обвинителство. Јавни седници за разгледување на жалбите побараа актерот Владо...

Владо Јовановски и уште тројца од 27 април бараат јавни седници за жалбите за притворите

Актерот Владо Јовановски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски од шестата управа и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање побарале Апелацискиот суд на јавна седница да ги разгледува нивните жалби за продолжувањето на притворот. Од Апелација потврдија дека кај нив стигнале осумте жалби и дека се испратени на одговор во Вишото јавно обвинителство и откако...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...