fbpx
Таг: осомничени

таг: осомничени

Нови испрашувања и претреси за насилствата во Собранието

Тројца скопјани и еден виничанец се најновите лица повикани во СВР Скопје за да бидат испрашани во врска со насилствата во Собранието, по што биле ослободени. Во домот на уште еден скопјанец е извршен претрес, при што не се пронајдени докази, па и тој е на слобода. Како што соопшти СВР Скопје, за сите пет случаи до Јавното обвинителство ќе...

Парите од НЛБ отишле во Србија, тројца му помагале на Бобан С. во грабежот

Единицата за економски и за компјутерски криминал на МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против уште три лица осомничени дека биле вмешани и му помагале на Бобан С. во грабежот на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за братот на Бобан С., 44-годишниот Г.С., потоа 24-годишната Е.П.,...

Двајца скопјани осомничени за серија кражби во цркви во Охридско

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, кои се товарат за серија кражби во цркви во неколку охридски села. Според полицијата, осомничените ги извршиле кражбите во периодот од минатото лето до средината на февруари оваа година. Против нив е поднесена кривична пријава за пет тешки кражби и за два обида за тешки кражби. Осомничените, според полицијата, ги извршиле кражабите...

ОЈО за организиран криминал гони две лица осомничени за трговија со марихуана

Во координирана акција со Секторот за криминалистички истраги - единица за недозволена трговија со дрога при МВР, Jавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција разбило група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици. Надлежен јавен обвинител, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, денеска до судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, поднел...

Притворени три лица осомничени за трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, станува збор за лицата Ф.И. (50), С.Ф. (50) и М.А. (47), на кои на барање на обвинителството, судија на претходна...

Според КЗ: Затвор од најмалку 4 години и високи глоби за затајување данок

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори четири нови истраги - „Табла“, „Тристa“, „Тотал“ и „Тифани“, од кои во последните две, осомничените физички лица се товарат за кривичното дело затајување данок. Според Кривичниот законик (КЗ) за ова дело е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна, а ако затаениот износ е значителен, сторителот ќе се казни со...

Двајца осомничени за убиството во Прилеп

Две лица се осомничени за убиството на 65-годишниот маж кој завчера беше пронајден мртов, со две убодни рани на телото, во стан во Прилеп, во кој живеел како потстанар. Како што соопшти денеска МВР, станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33), и двајцата од Прилеп, кои целосно го признале извршувањето на кривичното дело. Против двајцата е поднесена кривична пријава...

Осомничените во „Труст“ денеска на распит во Кривичен суд

Денеска попладне, околу 13 часот, во Кривичниот суд во Скопје на распит треба да се појават двајца од тројцата осомничени во случајот „Труст“, за кои Специјалното јавно обвинителство бара судот да им одреди мерка притвор. Барањата за притвор СЈО ги поднесе пред два дена, а двајцата осомничени дури денеска ќе се појават на распит во судот. Инаку, според членот 294 од...

МВР повикало 12 лица на распит за нападот врз новинарите

Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува „оперативни мерки“ врши информативни разоговори со 12 лица, повразни со вчерашниот напад на новинарската екипа „А1он“. Полицијата, како што соопшти помошник-министерот за односи со јавност на МВР, Јордан Ламановски, сè уште трага по двајцата напаѓачи на новинарите, чиј идентитет засега е непознат. Меѓу лицата со кои се вршат разговори, дел се сомничат дека...

Осомничените во „Труст“ писмено ќе се канат да дојдат на распит за притворот

Барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на двајца од тројцата осомничени во новата истрага „Труст“ вчера стигнале во Кривичниот суд во Скопје, но засега нема информации кога тие ќе се појават на распит пред судија на претходна постапка. Според членот 294 од Законот за кривична постапка (ЗКП) „судијата на претходната постапка е должен без одлагање“ да го разгледа...

Кривичниот суд им одреди 30 дена притвор на петтемина осомничени во „Мрежа“

На барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот суд Скопје 1 им одредил 30 дена притвор на петтемина осомничени кои во петокот минатата недела беа уапсени во полициска акција поради трговија со дрога - кокаин. „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1, пред судија...

СЈО отвори случај „Тенк“ за „мерцедесот“ на Груевски од 600.000 евра

Специјалното јавно обвинителство поведе две нови истражни постапки под оперативните имиња „Тарифа“ и „Тенк“. Иако во денешното соопштение за истрагата „Тенк“ не е конкретно наведено, јасно е дека станува збор за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра, додека истражната постапка „Тарифа“ е за јавна набавка на софтвер за потребите на акционерското друштво „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), за сума од 4.092.420 евра, кој...

Уапсени двајца осомничени за поврзаност со убиството на рускиот амбасадор во Анкара

Турските власти денеска уапсиле двајца осомничени, од кои еден полицаец, во врска со убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, кое се случи во декември минатата година, јавуваат турските медиуми. Според информациите на медиумите, судот во Анкара наредил апсење на полицаецот Серкан Басер и на продавачот Енес Асим Силин, а за уште двајца осомничени издаден е налог да не...

ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). - Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини...

Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4 наркодилери

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, денеска соопшти дека во вторникот во организарана акција пресекле меѓународен канал за трогвија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, како што информираше Чавков, била со потеколо од Албанија, а требало да заврши во Турција. Во акцијата биле уапсени...

Отворена истрага против пет лица за кражба на податоци од кредитни картички

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција почнало истражна постапка против пет лица од Битола и од Прилеп, осомничени за кражба на податоци од платежни картички. Осомничените, како што соопшти денеска обвинителството, се товарат за перење пари и други приноси од казниво дело, за изработка и за употреба на лажна платежна картичка и за злосторничко здружување. Според обвинителството, тие со...

Канческа-Милевска денеска на распит во суд за случајот „Тендери“

Двајцата осомничени во случајот „Тендери“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара да им бидат одземени пасошите и секоја недела да се јавуваат пред службено лице во судот, денеска се појавија на распит пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ извори од Кривичниот суд. Меѓу осомничените е и актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е првоосомничена во случајот за малверзации...

Што се случува со поканите за распит и со пасошот на Канческа-Милевска?

Раководното лице во Министерството за култура и уште еден осомничен во случајот „Тендери“ досега не се појавија на распит во Кривичниот суд иако Специјалното јавно обвинителство уште во четвртокот минатата недела, побара од судот да им ги одземе пасошите и да им наложи еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице. Неизвесно останува дали двајцата осомничени и денеска ќе дојдат...

Судот тактизира со распитот на осомничените во „Тендери“

Неизвесно останува дали денеска ќе се одржи распитот на двајца од осомничените во случајот „Тендери“, за кои Специјалното јавно обвинителство уште вчера побарало од Кривичниот суд да им бидат одземени пасошите и секој ден да се јавуваат пред службено лице во судот. Според неофицијални информаци, судијата на претходна постапка кај кој е распределен предметот сè уште не испратил покани до...

Судот го добил барањето на СЈО за „Тендери“, неизвесно е дали денеска ќе има распит

Кривичниот суд во Скопје го добил предлогот со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара на двајца осомничени во случајот „Тендери“ да им бидат одземени пасошите и секој вторник да се јавуваат во судот, информираат од оттаму за „Мета“. Барањето на СЈО веќе било распределено кај судија на претходна постапка, кој, како што велат од судот, треба да ги повика осомничените...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...