fbpx

Цаца – Николовска: И покрај мислењето на Врховен суд за СЈО, осомничените нема да се спасат

-

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, вели дека иако Врховниот суд донесе начелно правно мислење со кое се запираат истражните постапки на Специјалното јавно обвинителство, сепак осомничените нема да се спасат од кривична одговорност. Според неа правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги доврши, пишува „Порталб“.

– Факт е дека сите политички партии се согласија за формирањето на ова обвинителство. Тоа е голем и јак елемент за негово постоење. Со негово минизирање сега, јас се согласувам дека СЈО е мртво, сепак нема да може да се ослободат од кривична одговорност на овој начин. Сепак има правен систем и тој правен систем мора да најде начин предметите во кривичната област да се процесуираат и на овој или оној начин дојдат до крајно решение – изјави денеска поранешната судијка.

Таа ја искритикува одуката на Врховниот суд велејќи дека тој нема надлежност да го толкува законот, туку таа надлежност ја има единствено Собранието.

Инаку, денеска и скопскиот Кривичен суд побара од јавниот обвинител Љубомир Јовески да се изјасни кое обвинителство треба да ги води случаите на СЈО, а истовремено и да побара автентично толкување од Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...