fbpx
Таг: комисија

таг: комисија

Во Собранието денеска почнува комисиска расправа за предлог-буџетот за 2019

Расправата по предлог-буџетот за 2019 година, почна денеска во матичната Комисија за финансирање и буџет во Собранието. Предлог-буџетот за 2019 година тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот на економијата 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП). Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година...

Со 5 гласа „за“, Комисијата му предложи на Собранието да му го одземе мандатот на Груевски

Со пет гласа „за“ Комисијата за мандатно имунитетни прашања реши да му предложи на Собранието да му го одземање пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Одлуката треба да ја донесе Собранието на пленарна седница со двотретинско мнозинство. Груевски не се појави на седницата иако претседателот на Комисијата, Павле Богоевски рече дека бил поканет на седницата на која единствена точка на дневен...

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-измените и дополнувањата на буџетот. Пратениците на опозицијата поднесоа 180 амандмани и ја критикуваат власта за слабиот економски пораст и нереализирање на капиталните инвестиции. Со предложениот ребаланс на буџетот од страна на Владата, најголема алокација на средства има за општините за кои се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020...

Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија за надзор на прислушувањето

Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана. Средбата се случува пред најавеното почнување со работа на ОТА, на 1 ноември, како што...

Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Собранието е институција, а пратениците се народни претставници кои ќе ја донесат одлуката и ќе ја спроведат волјата на граѓаните и порачувам да не потклекнат на каков било притисок, затоа што решаваме децениски спор за да ja извлечеме земјата од изолација, рече премиерот Зоран Заев за време на обраќањето на Комисијата за уставни прашања, каде што го образложува предлогот...

Почна седницата на Комисијата за уставни прашања, Заев ќе го образложи предлогот

Почна првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието, со единствена точка на дневен ред, предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Седницата ја води претседателот на Собранието, Талат Џафери кој истовремено е и претседател на Комисијата за уставни прашања. Премиерот Зоран Заев е претставникот на Владата кој ќе го образложи предлогот, а присутен е и...

ЈО формира комисија за евентуални неправилности на референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше Комисија за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември 2018 година. За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија....

Димитров по четврти пат ќе се обиде да реферира за надворешната политика

Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за надворешна политика и Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. Комисијата за надворешна политика треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагање за остварувањето на меѓународната политика на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана. Министерот Димитров не успеа да се обрати пред...

Димитров: Оддавањето државна тајна го доживувам како антидржавен процес

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вториот ден од работата на Комисијата за надворешни прашања рече дека нема што да крие, а го праша претседателот на комисијата, Антонио Милошоски, зошто материјалите не биле навремено доставени туку пет минути пред седницата. -Државна тајна значи дека објавување такви информации може да наштети на процесот кој не е завршен. Во јануари не...

Собраниските комисии на кои ќе се разгледува Договорот со Грција закажани за 15 часот

Откако пратениците на пленарна седница денеска одлучија Договорот кој во неделата го постигнаа Македонија и Грција, да се гласа по скратена постапка, Собранието за попладнево ги закажа седниците на матичните комисии кои ќе го разгледуваат Договорот, на кој владата му стави европско знаменце. Во 15 часот ќе почне седницата на Комисијата за европски прашања. За 15.15 часот е закажана седницата...

Владата објави публикација „365 промени за подобар живот на сите граѓани“

По повод една година од мандатот, на веб страница на Владата е објавена публикација „365 промени за подобар живот на сите граѓани“ во кои има преглед на клучните мерки и промени реализирани во првата година од мандатот на Владата од јуни 2017 до мај 2018 година. Во неа се опфатени економски, мерки кои се однесуваат на заштита на културното наследство,...

Извештајот на СЈО и денеска не се најде пред пратениците

Ниту денеска не стигна на ред Извештајот за работата на СЈО пред Комисијата за политички систем. Иако пред два дена претседателот на оваа комисија, Александар Кирацовски посочи дека Катица Јанева денеска ќе го презентира извештајот пред нив, седницата се одложи за следната недела. Официјалното објаснување на Кирацовски е дека во пишана форма Извештајот го добиле дури денеска и за да...

Собраниски комисии ќе ги разгледуваат Законот за ОТА и законот за следење на комуникациите

Предлог-закон за следење на комуникациите во второ читање и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција (ОТА) во второ читање денеска во 13 часот ќе се најдат на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Овие два закони ќе бидат разгледувани и на седницата на законодавно-правната собраниска Комисија. Во 11 часот на Комисијата за образование, наука и спорт ќе има јавна расправа...

Анѓушев: Законот ќе обезбеди транспарентност во поддршката на компаниите

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се обрати на седницата на Комисијата за економски прашања во Собранието, на која одговараше на прашања од пратениците за потребата од донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. „Законот претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а притоа се потрошени над 225...

Девет заразени со морбили во Македонија, се препорачува вакцинирање

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, со цел, согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Од таму информираат дека, во Македонија оваа година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. „Службите за имунизација при Здравствените домови да...

Предлози за членови на Советот на јавни обвинители и за уставен судија во Собранието

Четири комисии на Собранието денеска ќе заседаваат разгледувајќи десетици предлог-закони, но и кадровски решенија за клучните позиции во правосудството. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдува предлози за членови на Советот за јавни обвинители, но ќе избере и кандидат за судија на Уставниот суд. На другите комисии ќе се расправа за низа предлог-закони со кои ќе се воведе АПТИС...

Караџовски не видел ништо „помпезно и страшно“ во извештајот за АКМИС

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски денеска изјави дека не му се јасни причините зошто извештајот на комисијата за АКМИ-системот (Автоматизиран компјутерски систем за управување со судските предмети) на Министерството за правда е класифициран, бидејќи, како што рече, во тој материјал нема „ништо помпезно и ништо страшно“. Тој рече дека сè уште во фаза е постапката за добивање на безбедносен...

Архивскиот материјал од Државниот архив не е оштетен, утврдила Владата

Архивскиот материјал кој се наоѓа во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврдила комисија составена од претставници од Влада, Државниот архив и Јавното обвинителство. Увидот бил извршен на барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. Во увидот, како што информираат од Владата, учествувале и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски и заменик директорот на Државен...

ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува и дополнува Статутот на партијата

Статутарната комисија почнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата. Од таму велат дека оваа постапка е „согласно заложбите на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски за зацврстување на партиските органи, нивната независност и дополнителна демократизација на партијата“. „Врз основа на фактот што внатрепартиската иницијатива за реформи во текот на месец јуни 2017 година има доставено до...

Заврши амандманската расправа, буџетот за 2018 се враќа во Влада, па оди во Собрание

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа по предлог-буџетот за 2018 година. Денеска беше третото продолжение на 12. седница која почна на 27 ноември, а комисиската расправа за предлог-буџетот неколкупати беше закажувана, но и откажувана, за да заврши на осмиот од законски предвидените 10 дена. Од вкупно 279 амандмани, кои ги поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса,...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...