fbpx
Таг: јазик

таг: јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици на СДСМ ќе предизвика долгорочна нестабилност

ВМРО-ДПМНЕ целосно се спротивставува на обидите да се игнорира и да се изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на другите етнички заедници кои својот глас го дадоа за Коалицијата за подобра Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како...

Распределбата на судиите е „државен удар на ранетиот ѕвер“, смета Арифи

Најопасна од сите видови власт е власта во заминување, вели Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, во колумна со наслов „Државниот удар на ранетиот ѕвер“ за „Нова ТВ“. За Арифи не постои друг начин на толкување на чистката што в.д. претседателката на Основен суд Скопје 1 ја направи преку последната прераспределба на судиите во овој суд. Таков напад...

Китани: Македонското малцинство во албанските институции е малку застапено

Македонци можеме да сретнеме речиси во сите државни институции во Албанија, но, за жал, не како преставници од партија на Македонците, туку како преставници на поголемите албански политички патрии. Затоа и преставниците на македонското малцинство во државните институци, за жал, можат да се избројат на прсти. Ова, во интервју за електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“, го вели Нико Китани, преставник на...

Друштвото „Илинден” ги стимулира децата во Албанија за изучување на македонскиот јазик

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште, им подарија пакетчиња за новогодишните и за божиќните празници. „Македонско друштво „Илинден“ и на овој начин ги стимулира најмладите да се залагаат за чувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо“,...

Швајцарски модел: Ист правен статус на сите официјални јазици

Вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, на прес-конференција рече дека најдобар начин за спроведување на Рамковниот договор е примерот на Швајцарија, во кој сите етнички заедници ги зборуваат сите три јазика. Еве што предвидуваат швајцарските закони: Швајцарското уставното право се заснова на четири клучни принципи: еднаквост меѓу јазици, слобода на граѓаните во поглед на употребата на јазикот, територијалност на јазиците...

Аналитичарите за предлогот за швајцарскиот модел: Да не се вметнува етничка агенда во Пржино

Инсистирањето на швајцарски јазичен модел, кој, според вицепремиерот Муса Џафери, е најдобар за имплементација во Македонија, е неприфатлив за македонските аналитичари. Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека ДУИ и ДПА воопшто не се снаоѓаат во борбата против апсолутистичкиот концепт на власт. - Со ова барање, ДУИ се обидува да ја избегне одговорноста. Сега се повикуваат на некоја етничка агенда и сакаат да...

Џафери: Швајцарскиот јазичен модел би бил најдобар за Македонија

Наредните месеци, до Нова Година, работни групи ќе прават анализа на функционирањето на Рамковниот договор, а податоците ќе се соопштат на меѓународна конференција, која ќе се организира во декември. Ова е заклучокот од денешната конференција посветена на Рамковниот договор, на која присуствуваа вицепремиерот на Република Македонија задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, Питер Фејт од Институтот за мир и...

Меркел до бегалците: Научете го јазикот и создавајте контакти

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги охрабри бегалците кои пристигнуваат во Германија, да го научат јазикот и да создадат нови контакти. Во денешното видеообраќање, Меркел рече дека жените што доаѓаат во Европа, често преживеале ужасни нешта и се трауматизирани. Таа рече дека освен да се обидат да го надминат тоа, може само да ги посоветува да го научат јазикот, да не се срамат...

„Илинден“ од Тирана со осуда за Институтот за бугарски јазик во Софија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, разгранок Голо Брдо, ги отфрлаат тврдењата на Институтот за бугарски јазик во Софија дека дијалектите на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник во Албанија биле бугарски дијалекти и ги оценуваат како како груб фалисфикат на историјата и на вистината. „Според мапата што ја изработи Институтот за бугарски...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...