fbpx
Таг: автомобили

таг: автомобили

Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година

Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава. Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена со целта на гувернерот на...

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

video
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата...

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за викенд, поради трки со автомобили

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот, до 15.30 часот поради спортска манифестација, информираат од МВР. „На 08 и 09 декември (сабота и недела) во времето од 07 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно и од тие причини...

За да се намали сообраќајниот метеж: Користете јавен превоз или возете велосипед

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за да се намали сообраќајниот метеж во градовите им препорачува на граѓаните да користат јавен превоз секогаш кога можат, да возат велосипед, а кога веќе управуваат со автомобил, да ги почитуваат сообраќајните правила и по можност со еден автомобил да се превезуваат повеќемина. „Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно...

Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси (инфографик)

Половина од возилата кои се учесници во сообраќајот возат на дизел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Дизел користат над 90 отсто од автобусите, 80 проценти од товарните возила и 48 отсто од автомобилите регистрирани во Македонија. „Речиси 80 отсто од дизел горивата кои се продаваат во Македонија се користат во транспортниот сектор, во тешките товарни возила и автобусите....

За возење без еколошка налепница казна од 500 евра

Новиот предлог-закон за возила, со кој ќе се воведе еколошка категоризација на возилата, односно нивно означување со налепници со зелена, жолта и црвена боја во зависност од тоа колку загадуваат, предвидува и казна од 500 евра ако возилото без налепница е на физичко лице. Ако пак станува збор за фирма, казната ќе биде 2.000 евра. Тоа е утврдено со членот...

Со црвено, жолто и зелено ќе се ограничува возењето при зголемено загадување на воздухот

Министрите за економија и за внатрешни работи, Крешник Бектеши и Оливер Спасовски, денеска во Скопје ги промовираа новите законски одредби за намалување на загадувањето на воздухот од возилата, предвидени со Законот за изменување и дополнување на законот за возила, со кои се воведува категоризација на возилата со налепници. По стапувањето на законот на сила, со зелена налепница, односно 1 еколошка...

Викендов Прилеп ќе биде домаќин на авто слалом „Прилеп-11 Октомври“

Во недела во Прилеп со почеток во 12 часот ќе се одржи авто слалом „Прилеп - 11 Октомври“, во организација на Авто картинг клуб „Скопје“, а со поддршка на Општина Прилеп. Најдобрите учесници на ова државното првенство ќе се бодираат за шампионатот во 2018 година. Досега се пријавени 50-ина учесници од повеќе градови во Македонија. Според информациите од организаторот, доколку...

Поставувањето на цевки за гасоводот во Вардар го отежнува движењето на карпошани

Жители на Општина Карпош на социјалните медиуми се жалат на буката која што ја предизвикува механизацијата за работа во реката Вардар, помеѓу населбите Карпош 4 и Влае, каде што се поставуваат цевки за изградбата на гасоводот. Но, уште повеќе им пречи што делот каде што се врши ископувањето, не е соодветно обезбеден, односно е небезбеден за движење на пешаците...

Привремен сообраќаен режим претстојниот викенд на Водно

Градот Скопје информира дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“. „За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. Тодор Александров бр. 165) и патот до Средно Водно...

ЕП ја почна битката против враќање на километражите на автомобилите

Европскиот Парламент (ЕП) вчера изгласа резолуција со која бара од Европската Комисија (ЕК) во рок од една година да изготви законска рамка со која ќе се забрани враќањето на километражите на автомобилите и километражата ќе се контролира при секој технички преглед. Проблемот е толку голем, што во земји како Бугарија, Словачка и Полска, бројката на продадени користени автомобили со вратена...

Сообраќајот се одвива отежнато, одрон на патниот правец Катланово – Велес

На патниот правец Катланово – Велес кај манастирите, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од пет метри, инфомираат од Авто-мото сојузот. Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово - Дебар, како и на планинските премини Стража и Пресека. Сообраќајот на државните...

Заинтересираните за купување на „мерцедесот“ од „бомбите“, може да го разгледаат на 7 март

Сите кои се заинтересирани да го купат „мерцедесот“ С600 кој е во сопственост на државата, можат да го разгледаат на 7 март (среда) од 10 до 15 часот во гаражата на Македонска радио-телевизија, информираа денеска од Службата за општи и заеднички работи на Владата. Почетната проценета вредност на овој автомобил, попознат како „она на М“ од прислушуваните разговори, согласно проценката...

Огромна дупка во Рим проголта седум автомобили

Над 20 семејства се евакуирани вчеравечер во населбата Балдуина на северозападот на Рим, откако нешто пред 18 часот се отворила голема дупка во која пропаднале седум автомобили. За среќа нема повредени. Земјиштето пропаднало создавајќи дупка длабока околу 10 метри, а некои жители велат дека претходно чувстувале тресење на подовите кога во близина се вршеле градежни работи.  Во текот на вечерта...

Изгореа најмалку 1.400 автомобили во катна гаража во Ливерпул

Најмалку 1.400 автомобили се уништени во пожар што изби во Ливерпул во катна гаража. Според Би-би-си, евакуирани се луѓе од неколку згради во околината на гаражата. За среќа, нема повредени Пожарот најверојатно почнал откако се запалил еден автомобил. Во гаснењето учествуваале 21 противпожарно возило. Според локалните медиуми, возила експлодирале на неколку секунди. Поради пожарот, откажана е ревија на коњи што требало да...

Автобусите на ЈСП со нов возен ред кон Водно

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП. Пробната линија со број 25А сообраќа на релација од Стара железничка станица до Средно Водно, а пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата...

ВМРО-ДПМНЕ еден месец ќе блокира крстосници

Министерството за внатрешни работи информира дека партијата ВМРО-ДПМНЕ најавила дека во наредните триесет дена, во периодот од 15 до 17 часот, ќе блокира повеќе скопски крстосници. Од МВР нагласуваат дека сообраќајната полиција ќе преземе засилени мерки за контрола и за регулирање на сообраќајот за олеснување на метежот што ќе настане за време на блокадите. За време на блокирањето на крстосницата кај ТЦ...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапува на сила утре и ќе трае до 15 март 2018 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила до 3.500 килограми задолжителна опрема се зимски гуми на...

Фондот за иновации распишува повик за проекти што ќе го намалуваат загадувањето

Фондот за иновации и за технолошки развој денеска објави јавен повик „О2 предизвик“, преку кој ќе финансира иновативен пилот-производ, услуга, процес или методологија со кои ќе може да се продонесе во намалување на загадувањето на воздухот. За повикот се одвоени шест милиони денари и е отворен до 30 месецов. Треба да бидат доставени решенија од областите: користење енергија на греење, транспорт...

Дубаи тестира такси без возачи

Во Дубаи денеска беше направен првиот тест на електрично такси-возило без возач, со што градот би бил пионер во областа на футиристичкиот транспорт. Агенцијата за сообраќај соопшти дека во првото пробно возење немало патници. Користениот прототип бил дело на германска иновациска компанија. Со него може да се вози со максимална брзина од 100 километри нас, а во него може да собере две лица. Властите...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...