fbpx
Таг: астронаути

таг: астронаути

„Прада“ ќе ги дизајнира вселенските костуми за новата мисија на НАСА на Месечината

Астронаутите на НАСА ќе летаат со стил, а луксузната модна куќа „Прада“ ќе помогне во дизајнирањето вселенски костуми за мисијата на Месечината во 2025 година. Италијанската модна куќа ќе работи на дизајнирање на скафандрите заедно со друга приватна компанија, „Аксиом Спејс“ (Axiom Space), пишува Би-би-си. Во соопштението до медиуми, од „Аксиом“ рекоа дека „Прада“ ќе донесе експертиза за материјалите и производството...

Фотографијата не е снимена на Месечината, туку на Земјата за време на тренинг

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и не се наведува дека фотoграфијата што се споделува воопшто не е снимена на Месечината, туку на Флорида, за време на вежби, односно тренинг пред мисијата воопшто да започне – во нејзината подготвителна фаза. Затоа и астронаутите, иако носат скафандери, на главите немаат шлемови. Станува збор за фотографија 72-H-249 на која е...

Интернационалната вселенска станица на НАСА не е лажна

Интернационалната вселенска станица орбитира 250 милји над земјата од 1998 година, но ротирачка екипа од астронаути не почна да живее таму континуирано, сè до 2 ноември 2020 година. Кога првиот астронаут пристигнал во вселенската станица, таа се состоела од само три модули со големина на една соба. Интернационалната вселенска станица на НАСА беше градена дел по дел, а не...

Невистинити се тврдењата дека човекот никогаш не стапнал на Месечината

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле, туку дека станува збор за голема измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Произволно се тврди дека Нил Армстронг изјавил оти видел вонземјани на Месечината

Наспроти тврдењата во постот, Дејвид Морисон научник во Виртуелниот институт за истражување на сончевиот систем, во истражувачкиот центар на НАСА уште во  2007 година изјави дека „Армстронг и другите астронаути од Аполо, не виделе докази за вонземјани на Месечината…“. Исто така, не успеавме да најдеме ниедна изјава на Армстронг во која тој кажува дека го набљудувале два мистериозни објекти...

Европската вселенска агенција во новата класа го вклучи и првиот астронаут со физичка попреченост

Британскиот параолимпиец Џон Мекфол е меѓу најновите именувани астронаути регрутирани од Европската вселенска агенција (ЕСА), со што стана првиот астронаут со физичка попреченост. Мекфол е дел од новата класа на европски астронаути кои беа претставени вчера и се први регрутирани астронаути по 2009 година. Според Би-би-си, Европската вселенска агенција сака да ја прошири дефиницијата за тоа што сè е потребно...

На меѓународната вселенска станица ќе се намести движечки робот за помош на астронаутите (видео)

Европската вселенска агенција (ЕСА) на меѓународната вселенска станица (МВС) се подготвува да постави тн. „роботска рака“ (ЕРА). Таа ќе полета на 15 јули, а пристигнувањето се очекува на 23 јули. Станува збор за движечки робот, кој ќе се движи надвор и блиску до рускиот дел на МВС. Лансирањето ќе се изврши со руската ракета „Протон“. „ЕРА“ е долга 11 метри...

Прво лансирање астронаути во САД по 9 години – во приватна капсула и ракета (видео)

Првпат од пензионирањето на флотата шатлови пред девет години, вчера беше извршено лансирање астронаути на НАСА од тлото на САД – и тоа во капсулата „Дрегон“ на ракетата „Фалкон 9“, обете изградени од компанијата „Спејс Екс“. Капсулата со астронаутите на НАСА Даг Харли и Боб Бенкен веќе се приближува до Меѓународната вселенска станица и се очекува во 16.30 часот по...

„Сојуз“ со двајца Руси и еден Американец полета кон вселената

Вселенската ракета „Сојуз“, со два руски и еден американски астронаут, денеска е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан, кон Меѓународната вселенска станица. Астронаутите Сергеј Ржиков, Андерс Бориснеко и Шејн Кимбороу полетале утринава во 14.05 часот по локално време (8.05 часот според Гринич). Планирано е „Сојуз“ да слета на вселенската станица за два дена. Астронаутите таму ќе минат нешто повеќе од четири...

Капсулата „Сојуз“ со тричлен екипаж се спои со Меѓународната вселенска станица

Руското вселенско летало „Сојуз“, со тим астронаути утрово безбедно се споил со Меѓународната вселенска станица, на 400 километри од Земјата, јавува „Би-Би-Си“. Капсулата се споила со станицата околу 1.45 часот по средноевропско време. Лансирањето на „Сојуз“ од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан, поминало без никакви проблеми и по шестчасовен лет, тројцата астронаути од Русија, Јапонија и од САД безбедно пристигнале на...

Тројцата астронаути безбедно се вратија на Земјата

Тројцата астронаути безбедно слетаа во Казахстан по престојот на Меѓународната вселенска станица, кој траеше подолго од предвиденото. Американецот Тери Виртс, Антон Скаплеров од Русија и Италијанката Саманта Кристофорети се вратија на Земјата по 199 дена минати во вселената, речиси еден месец повеќе отколку што беше планирано. Мисијата им беше продолжена поради неуспешното лансирање на руското вселенско летало со опрема во април годинава.

Астронаути 16 пати ја дочекале Новата година

Астронаутите од Меѓународната вселенска станица Новата година ја дочекале 16 пати. Ова го оствариле затоа што околу Земјата се движеле со брзина 28.163 километри на час. https://www.youtube.com/watch?v=FZ1xCAFasRA

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...