fbpx

Капсулата „Сојуз“ со тричлен екипаж се спои со Меѓународната вселенска станица

-

Руското вселенско летало „Сојуз“, со тим астронаути утрово безбедно се споил со Меѓународната вселенска станица, на 400 километри од Земјата, јавува „Би-Би-Си“.

Капсулата се споила со станицата околу 1.45 часот по средноевропско време.

Лансирањето на „Сојуз“ од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан, поминало без никакви проблеми и по шестчасовен лет, тројцата астронаути од Русија, Јапонија и од САД безбедно пристигнале на Маѓународната станица во орбитата на Земјата.

Летот претходно беше одложен, откако во април годинава лансирањето на ракетата без човечки екипаж, која требаше да однесе продукти до станицата, заврши со неуспех.

Летовите до Меѓународната вселенска станица со човечки екипаж засега се единствено можни преку руската вселенска технологија, која датира уште од советско време, откако САД се повлекоа од своите вселенски операции во 2011 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...