Вселенската ракета „Сојуз“, со два руски и еден американски астронаут, денеска е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан, кон Меѓународната вселенска станица.
Астронаутите Сергеј Ржиков, Андерс Бориснеко и Шејн Кимбороу полетале утринава во 14.05 часот по локално време (8.05 часот според Гринич).
Планирано е „Сојуз“ да слета на вселенската станица за два дена. Астронаутите таму ќе минат нешто повеќе од четири месеци, па на Земјата ќе се вратат кон крајот на февруари.