fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Затворени обложувалници во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера попладне, во соработка со инспектори од УЈП, спроведоа заедничка акциска контрола во три спортски обложувалници во Тетово, кои нелегално, односно незаконски работеле без потребните лиценци. Од објекти одземени се 17 телевизори, осум компјутери, девет монитори, седум принтери и 95.570 денари. Одземената опрема пренесена е во СВР Тетово за понатамошна постапка, додека против сопствениците на „дивите“ обложувалници ќе...

Пронајден мртов маж во водите на Вардар во гостиварско Чајле

Мртов маж на возраст од 86 години вчера доцна попладне бил пронајден во водите на реката Вардар, во близина на гостиварското село Чајле, во месноста Долни ниви. Мртвото тело е забележано околу 17 часот, од случаен минувач, кој веднаш случајот го пријавил во полиција. На местото на настанот е извршен увид од јавен обвинител. Телото е предадено на обдукција за да се истражат...

Денеска почнува филмскиот фестивал во Тетово

Четвртото издание на филмскиот фестивал „Watch out“ ќе се одржи во Тетово од 26 до 29 мај во амфитеатарот на Меморијалната куќа на комунистичката партија во Тетово. За фестивалот имало пријавено повеќе од 150 апликации од пет континенти, а жирито одбрало 32 филма кои ќе бидат прикажани во четирите фестивалски дена. Фестивалот го организира Центарот за балканска соработка „Лоја“ од...

Се гради нов дом за семејството Ристовски, кое минатата година остана без покрив над глава

Борче Ристовски од тетовското село Сиричино со неговата сопруга и со трите деца, за неколку месеци ќе добие свој покрив над глава. Благодарение на донации на приватни фирми, деновиве почнаа да се поставуваат темелите на нивниот нов дом, на местото каде пред шест месеци им се урна куќата. - Куќата на семејството Ристовски планираме да ја изградиме до крајот на јули....

Голем број граѓани Албанци од Полошко тргнаа кон Скопје на протест

Повеќе од 2.000 граѓани од полошкиот регион му дадоа поддршка на граѓанскиот протест, кој попладнево ќе се одржи во Скопје. Голем дел од нив беа припадници на албанската етничка заедница. Околу триесетина автобуси од две приватни фирми тргнаа кон Скопје, а останатите учесници на протестот заминаа со автомобили и со комбиња. Превозниците велат дека немале притисоци да ги откажат линиите закажани...

Украдени камери за следење на балканскиот рис

Украдени се две камери за следење балкански рисови, поставени во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Камерите имале цел да го следат рисот кој е во исчезнување, за да му се помогне во неволја. Камерите биле монтирани во метални кутии и обезбедени со катинари, а повремено ги проверувале претставници на Македонското еколошко друштво. Вкупната материјална штета се проценува на околу 30.000...

Гостивар се прости од полицаецот Горан Илиевски

На градските гробишта во Гостивар, со високи државни почести, попладнево беше погребан Горан Илиески-Мече, кој загина во антитерористичката акција на безбедносните сили во Куманово, како припадник на единиците за брзо распоредување. Река народ му оддаде последна почит на загинатиот бранител, кој беше погребан со највисоки почести. - Неизмернa е тагата и болката за твојата трагична и прерана смрт, која кај...

Вонредна седница на ДУИ

На вонредна седница на Централното претседателство на ДУИ, која почна попладнево околу 14.30 часот, се разговараа за актуелната безбедносна состојба во Македонија, по немилите настани што се случија во кумановско Диво Насеље. На седница што се одржува во седиштето на ДУИ во Мала Речица, посебна партиска група која е во постојан контакт со државните институции, ќе ги информира органите на партијата за...

Погребани загинатите полицајци од полошкиот регион

Попладнево беа погребани тројцата припадници на полицијата од полошкиот регион, кои загинаа во вооружената престрелка во кумановско Диво Насље. На градските гробишта во Тетово, со државни и со воени почести, беше погребан 32-годишниот полицаец Сашо Самојловски од Тетово. На гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостивараското село Зубовце...

Во Tетово се одржа манифестацијата „Недела на различности“

Здружението „Мултикултура“ традиционално, петти пат, ја организира манифестацијата „Недела на различности“. Целта на манифестацијата е да се промовираат заедничките вредности, без разлика на социјалната, политичката и на етничката припадност, преку промоција на храна, ракотворби и на разни уметнички дела. - Ова е настан каде се рефлектираат културите од различни етнички заедници на едно место. Тука имаме приготвена и изложена храна...

Тетово, рекордер по аерозагаденост

Поволните временски услови во пролетниот период го подобрија квалитетот на воздухот во цела Македонија. Само во Тетово, пет дена по ред, концентрацијата на штетните ПМ10-честички во воздухот е повисока од дозволените вредности. Градот под Шара, овој праг го надминува неколкупати месечно и сè уште останува црна точка на картата на аерозагадување во Македонија. Поради ваквата состојба, Министерството за здравство препорачува децата, хронично...

Осомничен за убиството во Тетово сам ѝ се предал на полицијата

Полицијата го обезбеди и второто осомничено лице за кривичното дело убиство, кое се случи на десетти овој месец, во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово. Се работи за 30-годишен жител на селото Мала Речица, по кого беше распишана меѓународна потерница. Осомничениот, кому е определен 30-дневен притвор и кривична пријава за убиство, сам се пријавил во полициската станица во Скопје, каде го...

Пожар во кула во населбата Блок 70 во Тетово

Апарати за домаќинство и инвентар од балконска просторија, претпладнево изгореа во стан во кулата со број 5 во населбата Болк 70 во Тетово. Пожарот избувнал околу 11.30 часот и целосно е ставен под контрола за половина час. - За среќа, со интервенција на три противпожарни возила и на осум пожарникари, спречивме пожарот да се прошири и на другите простории од станот - изјави...

Совет на Општина Тетово – 15 отсто поголем приход и 29 отсто поголем расход на комуналното претпријатие

Да се реши проблемот со сообраќајниот хаос во градот и да се работи на намалување на криминалот, побараа советниците од ДПА на денешната 23. седница на Советот на Општина Тетово, каде се избра нов командир на полициската станица во Тетово. Советниците од ДПА гласаа против финансискиот извештај на Јавното комунално претпријатие за 2014 година, во кој стои дека претпријатието остварило...

Тито Петковски: Масовни протести за промена на власта

Преку посебен концепт и стратегија, НСДП предлага излез од кризата во која се наоѓа Македонија, рече пред присутните на јавната трибина во Тетово лидерот на НСДП, Тито Петковски. Тој вели дека како партија, чувствуваат потреба да партиципираат во решавање на политичката криза, а очекуваат вклучување и на други партии. - Сметаме дека опозицијата е дискриминирана од тој црн понеделник и е...

Ограбена црквата „Св. Мина“ во тетовско Волковија

Вчера било пријавено дека во неутврдено време, во село Волковија, Тетовско, во црковниот храм „Св. Мина“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за свеќи одзел околу 1.000 денари и околу пет литри зејтин, а потоа го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Ограбена аптека во Тетово

Вчера, околу 19.40 часот, во аптека „Виталек“ лоцирана на улицата Борис Кидрич во Тетово, непознато маскирано лице извршило разбојништво над вработената, при што ѝ се заканил, ја удрил со рачка од пиштолот во пределот на главата и ѝ ги одзел дневниот промет околу 23.000 денари, еден мобилен телефон и уште 470 денари. Извршен е увид на местото на настанот и...

На бојкотот се приклучија и средношколците Албанци во Тетово

Со бојкот на наставата и со протестен собир на градскиот плоштад, учениците од прва и од втора година кои следат настава на албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, го искажаа својот револт против екстерното тестирање. На собирот беа присутни околу 200 ученици, кои носеа транспаренти со пароли на албански јазик „Стоп за екстерното тестирање“ и „Не се предаваме“. - Учениците...

Пукање во Тетово, еден починат

Еден загина, а тројца се потешко повредени во вечерашната крвава расправија во ресторан во  Тетово. Според информациите од МВР, по кавга во ресторан, еден од осомничените излегол и по половина час се вратил со автоматска пушка, со која рафално стрелал во кафеаната. По пукањето четворица повредени итно биле пренесени во болницата во Тетово, каде едниот подлегнал на повредите. Истрагата е во тек.  

Големо свлечиште го отсече гостиварското село Ломница од светот

Гостиварското село Ломница е целосно отсечено откако утринава падна големо свлечиште на патот што води до ова населено место. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и од Општината Врапчиште се на местото на свлечиштето, каде се интервенира на расчистување на одроните од камења и од земја. - Тука, на ова место, и пред два месеци падна голем одрон од земја...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...