fbpx
Таг: СЗО

таг: СЗО

СЗО, УНИЦЕФ, ЕУ, САД и Велика Британија го поздравија пристигнувањето на првите вакцини од Ковакс

Пристигнувањето на првите вакцини во земјава преку механизмот Ковакс го поздравија СЗО, УНИЦЕФ, Делегацијата на ЕУ во земјава и евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. На скопскиот аеродром утрово пристигна пратката на 24.000 дози на вакцини на „Оксфорд/Астра-Зенека“ против ковид-19. Ова е прва во низата испораки на вакцини преку механизмот КОВАКС...

СЗО: Имунизацијата со вакцината на АстраЗенека да продолжи, придобивките поголеми од евентуалниот ризик

Светската здравствена организација (СЗО) во денешната изјава во однос на безбедноста на вакцијата против ковид-19 на производителот АстраЗенека препорачува земјите да продолжат со имунизацијата на населението со оваа вакцина. „СЗО смета дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат нејзините ризици“, се наведува во изјавата на СЗО. Тие дополнуваат дека вакцинацијата против ковид-19 нема да ги намали заболувањата или смртта од други...

За користењето на вакцината на „АстраЗенека“, нашата земја ќе ги следи препораките на ЕМА и СЗО

Откако неколку земји-членки на ЕУ изминативе денови ја суспендираа имунизацијата на населението со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, македонското Министерство за здравство вели дека нашата земја ќе ги следи препораките на Европската медицинска агенција (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), пишува „Порталб.мк“. Околу тоа кога се очекува да пристигне оваа вакцина во нашата земја, од Министерството за здравство за „Порталб.мк“...

Смртноста од ковид-19 во светот е намалена за 20 отсто и има тенденција на намалување, велат од СЗО

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на неделата претходно. Смртноста од ковид-19 има тенеденција на намалување веќе шест недели. Падот на зачестеноста од заразување со коронавирусот е посебно видлив во земјите од Северна и Јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет...

Владата: Одобрен е анексот на Договорот за набавка на вакцини одобрени од СЗО за употреба во итни случаи

Владата  ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ, GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за ковид-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за ковид-19. „За спроведување на набавката вакцината мора да...

СЗО апелира на поостри мерки во Европа за да се заузда ширењето на новиот сој на корона вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на корона вирусот којшто за прв пат беше откриен во Велика Британија, јавува Би-би-си. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека потребни се поостри мерки за „израмнување на стрмната вертикална линија“ на зголемениот број на случаи во некои земји. Тој...

Кина го блокира доаѓањето на тим на СЗО во Вухан за да се истражи потеклото на корона вирусот

Кинеските власти го блокираа доаѓањето на тим на Светската здравствена организација (СЗО), која што требаше да го истражува потеклото на корона вирусот и да се откријат повеќе детали околу почетоците на глобалната пандемија против ковид-19 во кинескиот град Вухан, пренесува „Гардијан“. Визите на претставниците на тимот на СЗО што треба да работи во кинескиот град Вухан не се одобрени од...

СЗО го одобри користењето на вакцината против ковид-19 на Фајзер и Бионтек

Светската здравствена организација (СЗО) вчера ја издаде првата итна дозвола за користење на вакцина против ковид-19. Станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек. Во соопштението на СЗО се вели дека ваквиот потег треба да ја отвори портата за државите низ светот во нивните регулаторни тела да ги забрзаат процедурите за увоз и имунизација со оваа вакцина. „Ова е многу...

СЗО годинава ѝ донираше на земјава медицинска опрема вредна еден милион долари

Светската здравствена организација (СЗО) во 2020 година во земјава донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион долари за справување со пандемијата предизвикана од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. „Преку Германскиот Фонд за ковид-19 пак, донирани се респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земјава за да се овозможи адекватно лекување и третман на...

Вистиномер: Со видео извадено од контекст се манипулира дека пандемијата на ковид-19 е лажна

Манипулативна објава врз основа на полувистини, невистини и изјави извадени од контекст, прави обид да создаде лажна перцепција дека пандемијата на ковид-19 не постои и дека смртноста е резултат на нездравите животни навики на луѓето кои умираат од тоа што пушат, земаат лекови и имаат хронични болести, објави Вистиномер. Исклучително вирален пост, споделен над 330 пати во текот на само...

Вистиномер: Болничка вежба за справување со Ковид-19 не претставува заговор за да се измисли пандемијата

На Фејсбук неодамна се појави злоупотребено видео, кое потоа се сподели ширум социјалната мрежа, па и преку пост на македонски јазик, пишува „Вистиномер“. Што содржи видеото? Најпрвин слушаме анонимен глас (ликот не се појавува), кој на хрватски јазиквели дека ќе видиме видео клип во кој, пак, можат да се видат глумци во болница на кои им е речено да глумат дека...

Дезинформации дека ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од новиот корона вирус

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Српскиот сервис за...

Вистиномер: Виралниот документарец „Пландемик 2“ плете теорија на заговор со ковид-19 во главната улога

Во својата најнова проверка на фактите и борбата против дезинформациите, „Вистиномер.мк“ го анализира документарецот „Пландемик 2“, којшто се споделува на социјалните мрежи. Тврдењата дека пандемијата на ковид-19 е само контролирана ситуација, изнесени во документарецот, не се засновани на фактите, заклучува анализата, којашто ја пренесуваме подолу. Пандемијата на ковид-19 е контролирана здравствена криза во светски рамки, за полесно да се натера...

Отворен Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија денеска во Скопје го отворија новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации. Центарот ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното...

СЗО: Најважна е стратегијата за следење на контактите и нивно изолирање

Единствената најважна интервенција за спречување на ширењето на корона вирусот не е секогаш технологија, туку може да ја спроведат и широк спектар на професионалци така што ќе ги лоцираат контактите коишто го шират вирусот и притоа да ги изолираат овие лица, појасни генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус на вчерашниот брифинг за состојбата со ковид-19...

Филипче: Зибери користи евтина и лоша предизборна реторика

Не е вистина изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, дека тој како член на Комисијата за заразни болести, издејствувал да се отворат границите и за да можат иселениците Албанци да дојдат да гласаат. Тој воопшто не е член на комисијата, а ова е само евтина предизборна реторика, оцени министерот за здравство Венко Филипче, откако Зибери...

Скано: Не е време за спуштање на гардот, целото општество треба да се вклучи во борбата со ковид-19

Не само Владата, туку и граѓаните, односно целото општество треба да се вклучат во пронаоѓање на контактите во рана фаза, бидејќи само така ќе бидете пред вирусот. Ако ова не се прави, ќе имаме експлозивна ситуација, а тоа дополнително ќе ѝ наштети на еконоијата. Сега не е време за спуштање на гардот, треба да се продолжи со изолирање на...

СЗО ги отфрли тврдењата дека Северна Македонија има највисока стапка на смртност од ковид-19 во регионот

Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот не е точна. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките, ова го изјави Џихан Тавила, претставник на Светската здравствена организација во Македонија, за емисијата КОД на „Телма ТВ“. „Треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, поради можните...

Новинар во Грција со серија дезинформации за пандемијата на ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

СЗО предупреди на закана од глобална криза по менталното здравје предизвикана од корона вирусот

Директорот на одделот за ментално здравје при Светската здравствена организација (СЗО), Девора Кестел предупреди дека на светот му се заканува глобална криза по менталното здравје предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Кестел изјави дека психолошките проблеми може да произлезат од наметнатата изолација, стравот, несигурноста, како и сиромаштијата која може да претстои поради загубата на работните места. Најранливи групи за ментални заболувања,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...