Фото: Влада

Владата  ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Анекс на Договорот за преземени обврски од 19.11.2020 година, склучен помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ, GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за ковид-19 преку Ковакс механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за ковид-19.

„За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против ковид-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО,“ информираат од Влада.

Инаку, вакцинацијата во државата започна на 17 февруари, а први се вакцинираа здравствените работници. Според најавите од здравствените власти, во следниве седум до 10 дена, треба да се вакцинираат сите здравствени работници со прва доза. Кон крајот на февруари се очекува да пристигнат и кинеските вакцини.