fbpx

Скано: Не е време за спуштање на гардот, целото општество треба да се вклучи во борбата со ковид-19

-

Не само Владата, туку и граѓаните, односно целото општество треба да се вклучат во пронаоѓање на контактите во рана фаза, бидејќи само така ќе бидете пред вирусот. Ако ова не се прави, ќе имаме експлозивна ситуација, а тоа дополнително ќе ѝ наштети на еконоијата. Сега не е време за спуштање на гардот, треба да се продолжи со изолирање на случаите и со неуморно трагање по контактите. Ова го истакна на денешната прес-конференција Фабио Скано, советник на регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, кој денеска се обрати до јавноста заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје регистрира 153 нови случаи на ковид-19 во земјава во последното деноноќие.

– Сè до моментот на пронаоѓање на делотворна вакцина, не смееме да се опуштаме. Овде сум затоа што сакам подобро да се запознаам со епидемијата во државата и со ефектите од мерките. Во изминатите три дена имав интензивна агенда. Одговорот од Владата беше силен и агилен, импресиониран сум од посветеноста на лекарите и здравствени работници. Имаме разбирање за социо-економските последици од мерките кои предизвикуваат загриженост зашто директно влијаат врз животот на луѓето. Власта и граѓаните мора да си помогнат едни на други. Вие бевте пример за добро справување и сметам дека земјата може повторно да се врати на таа позиција – истакна Скано.

Тој даде неколку совети, односно рече дека мора да се следат контактите и да се ставаат во карантински режим.

– Треба да се прекине ланецот на пренос, секој случај треба да е згрижен и тестиран. Сите кои се болни да се самоизолираат. Да се избегнуваат собири и групирања за да не се шири вирусот. Да се воведат ограничени мерки на контрола. Ова не е само задача на Владата, туку целото општество треба да помогне сите случаи да бидат пронајдени – рече Скано.

Во однос на отворањето на границите, тој посочи дека треба да се знае дека и да има локална или меѓународна трансмисија, целта е да се откриваат на време случаите и да се ставаат во изолација.

– Овој вирус нема да си замине. Колку побрзо ќе го спуштиме гардот, толку побрзо тој ќе се врати. Но, новите случаи може да се менаџираат. Бројот на случаи ќе расте, но ќе мора да научиме како да ги идентификуваме случаите – дециден беше претставникот на СЗО.

Филипче истакна дека Скано оддал признание за неуморната работа на здравствените рботници, а разговарале и за менаџирањето и за мерките, како и за транспарентното известување.

– СЗО е наш стратешки партнер. Работиме да ја подигнеме свеста за присуството на вирусот кај нас. Во моментов имаме бран посилен од првиот, но тој е последица на настани, собири, прослави на кои не се почитуваа мерките – рече Филипче.

Утре ќе се отворат копнените граници и ќе може да се патува без тестови и контрола. Министерот рече дека многу мал дел од луѓето кои беа во карантин, развиле симптоми.

– Во моментов се бара правна форма за луѓето кои имаат решение за изолација, да се ослободат од изолацијата и од државните карантини. Ова ќе важи за сите кои влегле во земјава и кои се во карантин или во домашна изолација – потенцира Филипе.

На новинарско прашање во однос на организирањето музички настани, Филипче рече дека веќе има договор да се разгледа предлог-протокол во врска со одржувањето настани.

– Тој протокол е сосема солиден и се придржува до принципите. Ќе се разгледува наз состанок со Комисијата за заразни болести, па ќе се донесе соодветна одлука. Има отворени прашања кои треба да ги дискутираме во однос на тоа, колку луѓе да има, дали да се на отворен или затворен простор – додаде министерот.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 75 пациенти, а шестмина лица починаа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...