fbpx

Селмани: Насловната на „Дневник“ ќе ја врамам да остане за идните генерации

-

Насловната на „Дневник“ е сведок за моралната беда на некои началници што сакаат да глумат новинарство. Ова насловна ќе ја врамам за да посведочи на идните генерации кое дно го достигнало началничката пропаганда, кое сакаа да ни го продават како новинарство, реагира претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани на наловната страница на весникот на кој е објавен текст со наслов: „Широката рака на Брисел: За ЗНМ на Насер Селмани 200.000 евра, за поплавените во скопско 150.000 евра“.

dnevnik naslovna za zanmТој прашува „дали началниците што ги водат најголем дел од медиумите некогаш ќе имаат храброст на јавноста да и кажат колку пари добиваат од даноците на македонските граѓани за да и послужат на партиската пропаганда на Груевски?

– Во неможност да ја променат вистината, началниците ги спинуваат фактите, поучени од гебелсовите методи што ги применува центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ. За да сокријат дека 600 милиони евра нивниот ментор Груевски потрошил на стиропор и гипс картони, место да гради атмосферска канализација во Скопје за да не дозволи скопјани во 21 век да се удават од полави, тие се занимаваат со 200 илјади евра на ЕУ дадени за проект за ЗНМ. На ваквата валкана пропаганда и злоупотреба на новинарството би можел да им позавидува и хитлеровиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс – вели Селмани.

Тој исто така прашува „ако началниците постојано бараат непријатели во ЕУ, тогаш зошто бараат помош од нивните непријатели?“

– Нека се обраќаат на нивните пријатели во Русија и Кина. А можеби и Северна Кореја ќе се смилува да даде некоја пара. Но за несреќа на началниците, сега живееме во 21 век кога има интернет и социјални медиуми, кога тие не можат да го контролиираат текот на информациите и граѓаните лесно може да ги проверуваат – вели Селмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...