fbpx

Седум мали земјотреси синоќа во Охрид, најсилниот со јачина од 4,2 степени

-

Седум нови земјотреси синоќа беа почувствувани во Охридскиот Регион, од кои најсилниот беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, на четири минути по полноќ.

Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси, 37 минути по полноќ со магнитуда од 2,7 степени, па во 54 минути по полноќ со јачина 3,5 степени, во 1.02 часот со интензитет од 2,9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3,3 степени по Рихтер.

Во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина од 2,8 степени, на кој му претходеше уште еден со магнитуда од 3,1 степени по Рихтер што се случи во 21.38 часот.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот Регион се регистрирани повеќе од 1.000 земјотреси, а најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихтеровата скала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...