fbpx

Манчевски: Со парите за барокна Народна банка можеше да се рестартира РЕК Осломеј

-

„Нови повеќе од 35 милиони евра ќе се потрошат за раскошна и луксузна зграда, овојпат за Народна банка, покрај веќе потрошените 630 милиони евра, народни пари на „Скопје 2014“, пари со коишто можеа да се отворат стотици илјади нови работни места. Бараме веднаш да запре изградбата на луксузната зграда за Народна банка“, изјави потпретседатлот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Според него, овие пари можат да се искористат за изградба на филтри на оџаците на РЕК Осломеј

– Оваа инвестиција ќе значи повторно рестартирање со целосен капацитет на РЕК Осломеј. Оваа инвестиција може да значи и нови работни места за сите граѓани на Кичево, но и заштита на животната средина – изјави Манчевски.

Според него, на овој начин ќе се зголеми и производството на електрична енергија и ќе се намали увозот на струја, којшто само на годишно ниво достигнува околу 300 милиони евра.

– Македонија години наназад увезува повеќе од 40 проценти од потребната електрична енергија и затоа мораме да инвестираме во овие капацитети кои веќе постојат, а кои пропаѓаат – изјави Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...