fbpx

Јанева најави нова прес-конференција за утре во 10 часот

-

Специјалното јавно обвинителство утре, со почеток во 10 часот, ќе одржи прес-конференција. Во дописот од кабинетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конференцијата.

На последната прес-конференција, одржана на 21 април, СЈО го отвори случајот „ТНТ“, кој се однесуваше на уривањето на објектот „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Во овој случај првоосомничена е градежната испекторка во Општина Гази Баба и уште три лица од комисијата за јавни набавки на Општината.

Тогаш обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека уривањето на „Космос“ било нарачано од поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во координација со градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кои беа аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Иванов минатата недела ги повлече аболициите на сите 22 политичари од вкупно 56-те помилувани луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...