fbpx

Интерпол трага по „банкарот на Путин“

-

Интерпол покрена потера по Сергеј Пугачев, своевремено познат како „банкарот на Путин“.

На официјалната веб-страница на Интерпол стои дека Пугачев „го бараат правосудните власти во Русија поради кривична постапка“. Интерпол, исто така, апелира сите што знаат каде се наоѓа, да контактираат со агенцијата, но никаде експлицитно не бараат негово апсење.

Руските власти го обвинија Пугачев за кражба на државни пари, кои за време на глобалната финансиска криза во 2008-2009 година ги издал за ја поддржи својата сега згасната банка Межпромбанк.

Пугачев до јуни годинава, беше мнозински сопственик на францускиот луксузен синџир за храна „Едијар“. Наводно, Пугачев банкротирал, ја напуштил Русија и се преселил на непозната локација. Оттогаш тој е еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин.

Поранешниот банкар, за „Фајненшл тајмс“, во октомври изјави дека „денеска во Русија не постои приватна сопственост, постојат само слуги кои му припаѓаат на Путин“.

– Големиот бизнис не може да живее како претходно. Тој мора да живее под воените правила – додаде Пугачев.

Неговите изјави претставуваат контраст во споредба со тврдењата на критичарите дека Пугачев е еден од луѓето што ја поттикнале кампањата за национализација во Русија, која почна откако Путин првпат стана претседател во 2000 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...