fbpx

Груевски до Ристоска: Кадија те тужи, кадија те суди

-

„Кадија те тужи, кадија те суди“ и реплицираше поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, во продолжението на денешното рочиште за случајот „Тенк“, откако обвинителката претходно му се обрати на Груевски со народната поговорка „На човек на сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш“.

– Не бараме ништо со сила од Судот, бараме само тоа што ни следува со закон. Досегашното судење го сметам за нефер. Јас немав можност да ги видам аудио снимките како единствен доказ за обвинението против мене и затоа јас не можам да дадам воведен говор – рече Груевски.

Денешното рочиште, по паузата од половина час продолжи со воведни зборови и со изјаснување на обвинетите дали се чувствуваат виновни или не по обвинението.

Груевски рече дека го прочитал обвинението и дека од него не може да разбере зошто е обвинет. Тој рече дека не признава вина во случајот, бидејќи „работел според закон“.

Поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанулоска рече дека делумно го разбира обвинението и оти не е виновна, а дека не е виновен се изјасни и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, исто така обвинет за набавката на блиндираниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Инаку, на рочиштето судијката Добрила Кацарска го опомена Груевски дека ќе го казни, ако уште еднаш го навреди судот.

Реакцијата на Кацарска следуваше откако обивнителот на СЈО, Стевчо Донев, го даде воведниот говор за случајот, а Груевски ѝ дофрли на адвоката Сања Алексиќ – „ова е партиски суд“.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор „Мак Аутостар ДООЕЛ“, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот мерцедес. Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал јавноста да дознае.

Следното рочиште судијката Кацарска го закажа за 12 март, кога треба да бидат сослушани пет сведоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...