fbpx

Што е „државна тајна“ и кој може да ја знае?

-

„Лицето З.З. презентираше детали од договор за донација кој е класифициран со најголем степен на тајност, односно „државна тајна“ со што и директно ја доведе во опасност безбедноста на Република Македонија“.

Вака МВР информираше дека почнало да работи на нова кривична пријава против Зоран Заев, која, како што е наведено во соопштението, се однесува на кривичното дело оддавање државна тајна, а во врска со снимките што лидерот на опозицијата ги објави на прес-конференција.

Во нашето законодавство државна тајна е „податок со кој располагаат институциите, а кои од оправдани причини на прописен начин се прогласени за тајни“.

Тоа можат да бидат податоци кои се однесуваат на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, заштитата на уставниот поредок, човекови и малцински права и слободи, национална и јавна безбедност, надворешни и внатрешни работи, како и странски тајни податоци (оние кои на нашата држава ѝ ги поверила странска држава или меѓународна организација).

Сите овие се сензитивни податоци со чие откривање би била нанесена штета на работата на некоја институција или интересите на државата, под услов интересите на државата да се над интересите за слободен пристап на информации.

Делото кое сега му се става на товар на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е предвидено и казниво во согласност со член 317 од Кривичниот законик – „Оддавње државна тајна“. За ваквото кривично дело, законот се заканува со затворска казна во времетраење и до 10 години.

Имено, ставот 1 од членот 317 предвидува:

Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Ставот 2 предвидува:

Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се 132 државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Доколку, пак, сторителот бил предмет на манипулација и делото го сторил од небрежност, во согласност со законот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Според Законот за класифицирани информации, член 8:

Класифицираната информација со степен „државна тајна“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија.

Постојат четири степени на класификации: интерно, доверливо, строго доверливо и државна тајна.

Со класифицирана информација со степен „државна тајна“ можат да располагаат:

  • Претседателот на Република Македонија,
  • Претседателот на Собранието на Република Македонија,
  • Претседателот на Владата на Република Македонија,
  • Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија,
  • Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија,
  • Министрите во рамките на своите ресори,
  • Јавниот обвинител на Република Македонија,
  • Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија,
  • Директорот на Агенцијата за разузнавање,
  • Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и од нив со писмена согласност овластени лица.

Тој што смее да има допир со државна тајна мора да има безбедносен сертификат.

Постојат два вида безбедносни сертификати коишто ги издава Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, и тоа: безбедносен сертификат за физичко лице и безбедносен сертификат за правно лице. Безбедносните сертификати може да се издадат за ракување со национални, со НАТО или со ЕУ класифицирани информации. Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава национални безбедносни сертификати до највисокиот степен „државна тајна“. За НАТО и за ЕУ класифицирани информации, Дирекцијата издава безбедносни сертификати до степен „строго доверливо“, со оглед на потпишаните договори на билатерална основа помеѓу Република Македонија и НАТО, односно Република Македонија и ЕУ.

Информациите кај нас се поделни според следниот степен на доверливост:

Државна тајна е класифицираната информација чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија.

Строго доверливо е класифицираната информација создадена од државните органи, органи на единиците на локална самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија.

Доверливо е класифицираната информација создадена од државните органи, органи на единиците на локална самоуправа и други институции која е од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија, а чие неовластено откривање би предизвикало сериозна штета за важните интереси на Република Македонија.

Интерно е класифицираната информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...