fbpx

Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка, информираат од Царинската управа

-

Царински службеници заплениле 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата, информираше Царинската управа.

„Царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес. Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова“, велат од Царинската управа.

Фото: Царинска управа

Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари.

„Случајот е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија“, информираат од Царина.

Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Венко Филипче е нов лидер на СДСМ

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Денешното гласање се спроведе во 77 избирачки места, а...