Захарова за забраната за летање на Лавров: Вие сте себични!

-

Откако земјите околу Србија не дозволија прелети на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да долета во Белград, тој најверојатно ќе ја откаже посетата. На забраната веднаш реагираше портпаролката на Министерството, Марија Захаровa, нагласувајќи дека Москва не е таа што ја прави новата „железна завеса“, туку дека Европа е таа што ја „оградува“ Русија и дека Западот е премногу себичен.

Инаку, забрана за прелет издала и Северна Мѐкедонија, пишува српскиот весник „Вечерње новости“,

„Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров. Земјите членки на Европската унија и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација“, рече Захарова за италијанскиот телевизиски канал „Ла7“.

Според Захарова, Русија не е таа што поставува нова „железна завеса“, туку тоа го прави Западот.

„Железните завеси нема да бидат, на крајот на краиштата, од наша страна, не треба да се грижите. ЕУ е таа што ја штити Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да научите нешто“, рече Захарова.

Забраната за прелети е од вчеравечер, кога Лавров требаше да пристигне во посета на Белград, каде денеска требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според српскиот весник „Вечерње новости“, Бугарија, Северна Македонија и Албанија забраниле прелет на авионот на Лавров.

Лавров требаше денеска во 18 часот во Белград да се сретне со Вучиќ, но и со српскиот патријарх Порфириј, со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, а во Белград за средба со Лавров се очекуваше да пристигнат и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Поради новата ситуација, српскиот претседател Вучиќ претпладнево ќе се сретне со рускиот амбасадор во Србија.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...