Заев во посета на Швајцарија, на средби со дијаспората

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.

За време на посетата на Швајцарија, Заев ќе има средби со граѓаните од дијаспората од Македонија.
Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија.

Тој ќе има и трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија, а утре ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има формирано своја партиска организација.

За почетокот на посетата на претседателот Заев на Швајцарија и за договорените средби, веќе известија медиумите во таа земја.