fbpx

Заев побара преодна влада и услови за избори

-

Зоран Заев говореше на крајот од вечерашната трибина на СДСМ која наликуваше на предизборен митинг.

Според него, ова што се случува сега е перверзна реалност во која сè е пазар, па и децата.

– Ова е ненаситна, лицемерна и лажна власт која краде народни пари. Патриотите на Македонија ги обезбедија документите и доказите. Со документите и со доказите кои овие патриоти ги сочуваа, пропадна „Пучот“ на Груевски. Голема амбиција имале двајцата братучеди. За тоа им биле потребни човечиња, за да се одржат на нивните тронови испрскани со златен спреј – рече Заев.

Документите, според него, ќе бидат предадени на новиот јавен обвинител и на новите судии.

– Овие документи се сопственост на граѓаните на Македонија и никој не успеа да ги уништи. Од првата до последната буква во секој од документите и во снимките е вистина. Груевски и Мијалков го урнисале уставното уредување и создале парадржава. Од овде назад нема. Оваа влада повеќе нема легитимитет и повеќе не е влада на Република Македонија – истакна Заев.

Од името на СДСМ и на коалиционите партнери, тој побара владата на Груевски, Јавниот обвинител и раководството на МРТ веднаш да си поднесат оставки.

Тој побара и формирање преодна влада за да ги обезбеди неопходните услови за фер и демократски избори, како и јавна, транспарентна и непристрасна истрага за прислушувањето, со вклученост на меѓународната заедница.

– Ќе градиме држава на европски граѓани. Ќе градиме европска Македонија – порача Заев.

Тој предупреди власта да не помисли да прави раздор, немири, црни сценарија и дестабилизација и најави дека оваа трибина не е финална.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...